Автор: Маја МиноскаrnrnДали можеме да претпоставиме за каква личност станува збор доколку напишаното е со големи букви закосени надесно?! Дали ракописот повеќе говори за личноста или за расположението, моменталната состојба во која се наоѓа?rnrn
rnrnГрафологијата е позната како квазинаучна студија и анализа на ракописот преку која форензичарските научници и поддржувачи на оваа метода ја користат за откривање на карактерот и психолошката состојба на индивидуата. Основна претпоставка е дека централниот нервен систем е одговорен за начинот на кој мускулите се движат и реагираат додека пишуваме. Поконкретно, ракописот е директно зависен од анатомијата на личноста, на пример структурата на коските влијае како некој го држи пенкалото. Координацијата рака-око, мускулната меморија и менталната способност за пресликување на краснопис исто така влијае на тоа како некој пишува. Ракописот може да се промени со тек на време, паралелно како овие ментални и физички карактеристики се менуваат.rnrnЗа лошиот ракопис постојат најразлични толкувања. Лошиот ракопис може да укажува на одреден емоционален товар. Најчесто се вели дека луѓето со лош ракопис имаат тенденција да бидат емоционално нестабилни. Исто така може да иницира на непостојаност, но и на ниска самодоверба или несигурност. Понекогаш може да се гледа од друг агол и да значи независност и желба да им се суди според сопствените заслуги, а не во согласност со стандардните начини.rnrnЛошиот ракопис е секогаш индивидуалистички, бидејќи овој тип луѓе се независни мислители и не секогаш се вклопуваат во очекувањата на општеството.rnrnЛошиот ракопис често се поврзува со креативност и понекогаш тоа може да биде знак на поголема ексцентричност. Се вели дека тој е и карактеристика на интелигентните луѓе и неуредноста на ракописот е последица на брзото размислување.rnrnМногу историски личности ѝ припаѓале на оваа категорија, на пример Паганини, големиот виолинист, кој бил несомнено креативен и ексцентричен. Пикасо исто важи за личност со лош ракопис, но е врвен сликар. Во оваа категорија се вбројуваат и Бетовен, Наполеон и Фројд кои имале страшно неразбирлив ракопис.rnrnЗатоа не очајувајте доколку и вие ѝ припаѓате на оваа група на лоши пишувачи бидејќи и овие луѓе имале лош ракопис, но погледнете што сè имаат постигнато.
Што значи лошиот ракопис?
