КАФЕ ПАУЗА

Што значи кога ќе ви затрепери одреден дел од телото?

Дали некогаш сте се запрашале што значи кога ќе ви затрепери горниот лев капак на окото или десното уво? Веројатно да, но ако не сте се запрашале досега, можеби отсега ќе почнете да ги поврзувате овие случајни вибрации на телото со некои посуштински значења.rnrnshto-znachi-koga-kje-vi-zatreperi-odreden-del-od-teloto-kafepauza.mkrnrnКако што постојат објаснувања за многу појави на човековото тело кои ги смислиле нашите предци, така се создале и овие народни верувања. Интересно е дека луѓето ги поврзуваат овие обични секојдневни појави со претскажувањето на иднината.rnrnНе знаеме од каде потекнува овој „Треперник“, но за оние кои веруваат во вакви работи, следува листа на значења поврзани со затреперувањето на различни делови од телото.rnrnВрвот на главата: Ќе добиете син.rnЗадниот долен дел од вратот: Ќе дојде некој странец и ќе ви донесе подароци.rnТемето од десната страна: Ќе бидете судија.rnТемето од левата страна: Убаво ќе се забавувате со пријателите.rnЧелото: Ќе чуете лоши вести, но нема да предизвикаат некоја голема штета.rnТилот: Ќе чуете лоши вести кој ќе ве растажат, но потоа повторно ќе се радувате.rnЧелото во делот помеѓу очите: Ќе одите на пат и добро ќе си поминете.rnЧерепот над десното око: Чувајте ги парите што ќе ги добиете.rnЧерепот над левото око: Сè што сте си замислиле ќе ви се оствари.rnДесното уво: Ќе чуете добра вест.rnЛевото уво: Ќе чуете лоша вест.rnАко ви зазуи десното уво: Очекувајте добри вести и веселба.rnАко ви зазуи левото уво: Лоши вести ќе ви донесат тага.rnГорниот дел од десното уво: Очекувајте кавга.rnГорниот дел од левото уво: Ќе добиете добра вест од пријател.rnЛевата веѓа: Оваа година ве очекува изобилство од храна.rnДесната веѓа: Вашиот син ќе биде на печалба.rnДвете веѓи: Очекувајте веселба.rnКожата помеѓу веѓите: Ќе ве израдува пријател.rnДесното око: Што ќе посакате тоа ќе ви се оствари.rnЛевото око околу веѓата:  Ќе бидете пофалени, но тоа ќе ве растажи.rnНадворешниот агол на десното око: Ќе имате претскажување.rnВнатрешниот агол на десното око: Ќе добиете син или ќе завршите успешна работа.rnНадворешниот агол на левото око: Ќе добиете машко дете или ќе имате среќен живот.rnЛевиот горен капак: Борба или кавга.rnЛевиот долен капак: Лоша вест.rnДесниот горен капак: Очекувајте веселба.rnДесниот долен капак: Ќе стекнете нов пријател.rnЦел нос: Лоша вест.rnЕдната страна од носот: Ќе ви биде укажана голема чест или многу ќе се трудите во нешто.rnГорната уста: Ќе ви дојдат непоканети гости.rnДолната уста: Ќе ги победите непријателите.rnДвете усни: Ќе се бакнувате со пријателите.rnБрадата: Ќе сретнете личност која ќе ве израдува.rnДесното рамо: Ќе бидете здрави.rnЛевото рамо: Ќе бидете тажни.rnМускулот на десната рака: Ќе бидете тажни.rnМускулот на левата рака: Ќе пронајдете нешто што сте изгубиле.rnДесниот лакт: Ќе станете важна личност.rnДолниот дел од десната рака: Не смеете да почнете некоја работа или се плашите што сте направиле или што правите.rnДолниот дел од левата рака: Ќе добиете среќна вест.rnДесната дланка: Ќе бидете милостиви.rnЛевата дланка: Ќе избегнете лоша вест и ќе бидете весели.rnДесниот палец: Што ќе посакате тоа ќе добиете.rnДесниот показалец: Ќе примите лоша вест.rnДесниот среден прст: Што и да започнете ќе ви тргне од рака.rnДесниот домал прст: Ќе бидете среќни.rnДесниот мал прст: Ќе чуете вест која не е вистинита.rnЛевиот палец, показалец и среден прст: Ќе победите во кавга со непријател.rnЛевиот домал прст: Ќе примите добра вест.rnЛевиот мал прст: Брзо ќе ги потрошите заработените пари.rnДвете дојки: Ќе започнете со некоја работа.rnДесната дојка: Ќе останете долго на едно место.rnЛевата дојка: Некој ќе направи нешто добро за вас.rnПапокот: Ќе примите почест.rnДесното колено: Ќе најдете богатство во домот.rnЛевото колено: Ќе ви се случи нешто лошо.rnЛистот на десната нога: Ќе се ослободите од нешто.rnЛистот на левата нога: Ќе се разделите со пријател и никогаш повеќе нема да го видите.rnДесната пета: Ќе се радувате на добри вести.rnЛевата пета: Ќе бидете прекорени од повозрасна личност.rnДесниот колк: Ќе добиете зет.rnЛевиот колк: Ќе одите на пат.rnДесниот табан: Ќе ве растажи некоја вест.rnЛевиот табан: Ќе добиете големо богатство.rnПалецот на десната нога: Луѓето за кои сте биле загрижени среќно ќе се вратат од пат.rnПалецот на левата нога: Ќе избегнете напад.