Суровите пилешки гради обично имаат бледо розова боја и се сметаат за чисто месо. Како и да е, во последно време почесто можеме да видиме пилешко месо со бели линии. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Болоња сугерира дека овие бели линии се посериозни отолку што мислиме.rnrn
rnrnРезултатите од истражувањето се објавени во списанието Italian Journal of Animal Science и откриваат дека белите линии се пронајдени во 12% од примероците. Исто така, се покажало дека пилешкото месо со бели линии содржи 224% повеќе маснотии од вообичаеното пилешко.rnrnИстражувачите претпоставуваат дека белите линии се резултат на некој нов начин на кој се одгледуваат животните со што се користи препарат кој го забрзува нивниот раст во пократок временски период. Тие исто така откриле дека денешните кокошки ја достигнуваат потребната тежина за продавање двојно побрзо отколку пред 50 години. Освен тоа, се продаваат и двојно потешки од порано.rnrnПоради големата побарувачка на пилешко месо во Западот, птиците ги хранат со додатоци кои можеби се причина за намалување на мускулите и зголемување на маснотиите во месото. Иако истражувањето покажало дека пилешкото месо со бели линии е безбедно за јадење, истражувачите се сомневаат дека ова месо содржи помалку протеини и има полош вкус од „нормалното“ пилешко.rnrnПрочитајте и која е најголемата грешка при подготовката на пилешко: ако го правите ова, месото ќе биде преполно со бактерии.
Што значат белите линии на пилешкото месо?
