Верувале или не, начинот на кој изгледа вашиот кармин може да каже многу за вашиот карактер. Токму затоа земете го вашиот омилен кармин, анализирајте ја неговата форма на врвот и пронајдете ја тука. Би се изненадиле што тоа ќе каже за вашиот карактер…rn
Заоблен врв во една точка
rn
rnrnВашата личност се доживува во крајности. Вас или сите многу ве сакаат или активно не ве сакаат. Но, ова не ви пречи бидејќи вие сте доволно горди на вашиот цврст став и храброст, па токму затоа и ги споделувате вашите мисли пред останатите. И покрај интензивната надворешност, сепак сте првите кои ќе понудат поддршка доколку му е потребна на некој ваш близок.rn
Рамен врв
rn
rnrnЛуѓето многу често ве нарекуваат најмудрата личност која ја знаат и најверојатно се во право. Вие отсекогаш сте биле брзи, интелигентни и забавни, комбинација која ве прави вистински шармери. Но, тоа не ве спречува да се фрустрирате за време на дискусиите и да се карате со оние кои не се согласуваат со вас. Од друга страна, вие ги преферирате документарните филмови, додека воопшто не поднесувате комедии кои ви немаат смисла.rn
Заоблен нежен врв
rn
rnrnДневната соба ви е омиленото место во домот, па токму затоа и ја одржувате уредна и удобна за кога ќе ви дојдат гости. Грижата за вашето семејство ви е една од најважните работи во животот, додека исто така обожавате да се препуштите на вашата уметничка страна преку музиката, пишувањето или цртањето. Големи се шансите дека никогаш не сте добиле казна за брзо возење.rn
Врв кој наликува на оригиналната форма
rn
rnrnСигурно како дете ви било непријатно да ги кршите правилата. Дури и денес, станувате нервозни при самата помисла да разочарате некого или да повредите нечии чувства. Од друга страна, оваа емпатија ве претворила во личност со многу љубов која е бесценета компонента од секој тим, како на работното место, така и социјално.rn
Длабнат рамен врв
rn
rnrnВам не ви пречи да работите напорно кога станува збор за завршување на задачите. На крајот од краиштата, вашиот најголем страв е да не го завршите она кое сте го почнале. Во вас постои огромна љубопитност која нема граници и токму затоа не се плашите да поставувате прашања или да преземате ризици. Токму ова однесување ве довело до многу неволји како дете, но како возрасни ви помогнало да го добиете тоа што го сакате од вашата кариера, љубовниот живот и пријателството.rn
Врв со остри странични агли
rn
rnrnБидејќи сте интелигентни и секси, вие сте природно надарени за флертување. Токму оваа карактеристика ги прави вашите пријателки завидливи. Кога сте на одмор, преферирате да правите уникатни активности наместо да лежите цел ден на плажа. Луѓето многу често мислат сте претерано самоуверени, но реалноста е дека само добро се познавате и сте горди на вашите постигнувања. Исто така, одлични сте во караоке.rn
Остар искривен врв
rn
rnrnКако дете, многу често сте имале нови симпатии. Оваа навика продолжила и во вашиот возрасен живот. Вие имате многу љубов која чека да биде подарена и обожавате да помагате. Неверојатно сте креативни, што е прекрасно, но понекогаш имате тенденција да ставате премногу притисок врз себе. Вие ги сакате сите животни, но дефинитивно најмили ви се кучињата поради нивната енергија и бескрајна лојалност – особини кои исто така ги цените многу и кај себе.rn
Остар дијагонален врв
rn
rnrnБидејќи сте харизматични и амбициозни, вие отсекогаш сте биле природен лидер. На забавите, кои најчесто вие ги организирате, сте центарот на вниманието, правејќи оние околу вас лудо да се забавуваат и смеат сè додека не им се појават солзи во очите. Вашата подготвеност да ги водите нештата и да ја контролирате ситуацијата може одвреме-навреме да ги нервира оние околу вас, но без сомнение сте интегрален дел од животот на најблиските бидејќи сте личност која сè завршува на време.
