Истражувачите од Институтот Маркез во Барселона се обиделе да откријат каква музика сакаат бебињата додека се во стомакот на мајката. Научниците истражувале која музика ги прави бебињата најсреќни, а во истражувањето учествувале 300 бебиња во 18-та до 38-ма недела од бременоста.rnrn
rnrnЗа да ја одредат реакцијата, истражувачите ги набљудувале движењата на устата и јазикот на бебињата. Во овој период од бременоста, движењата на јазикот и устата се ретки и се позитивен знак за стимулација.rnrnНа бебињата им биле пуштани 15 песни вклучувајќи рок, класична музика, традиционална светска музика и поп.rnrnТимот открил дека бебињата имаат потрадиционален вкус за музика од возрасните. Односно, повеќе сакале класична музика отколку поп. Бебињата биле постимулирани од „Ода на радоста“ на Бетовен отколку од хитовите на Шакира или Адел.rnrnМузиката којашто најмалку им се допаднала на бебињата биле поп песните. „Waka Waka“ од Шакира и „Too Much Heaven“ од Bee Gees се нашле на дното на листата. И „Someone Like You“ од Адел немала подобри резултати.rnrnБебињата реагирале повеќе на „Bohemian Rhapsody“ од Queen и „YMCA“ од Village People.rnrnНа бебињата исто така им бил пуштан и човечки говор, како и снимки од Мики Маус. Тие реагирале повеќе на Мики Маус отколку на човечкиот глас, но не повеќе одошто на песните.rn
„Музиката е вид древна комуникација помеѓу луѓето. Комуникацијата преку звуци, гестикулации и танцови му претходи на говорот“, изјавила директорката на институтот Мариса Лопез Теихон.rnrn„Првиот јазик бил повеќе музикален отколку вербален, и сè уште е. Уште инстинктивно им зборуваме на бебињата со повисок тон бидејќи знаеме дека подобро го перципираат. На овој начин тие разбираат дека сакаме да комуницираме со нив.“
rnМузиката која предизвикала најмногу позитивни реакции биле делата на Моцарт, а веднаш по него делата на Бах. Но, пред да му пуштите Моцарт на вашето неродено дете, важно е да знаете дека веројатно тоа нема да слушне ништо. Музиката во истражувањето била пуштана преку посебно дизајнирани вагинални звучници.rn
„Фетусите речиси и да не ги слушаат надворешните звуци“, додала Мариса.
rnСлушнете ги и овие приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе.
