rn
4. Свиткано во топка
rn
rnrnВо оваа положба кучињата се обидуваат да ги заштитат нивните шепи, грло и виталните органи. Исто така ветеринарите сметаат дека на овој начин тие и се топлат. Понекогаш е можно вашето куче да биде загрижено доколку спие на овој начин, на пример од некоја врева. Но некои кучиња само се чувствуваат удобно во оваа позиција.rn
5. На грб
rn
rnrnОва е најопуштената положба на спиење кај кучињата. Стомакот и грлото се незаштитени, а ова се нивните најранливи делови од телото. Ако миленичето ви спие на овој начин, тоа значи дека целосно ви верува и се чувствува навистина удобно со вас. Исто така оваа положба може да значи дека на кучето му е премногу топло или е навистина изморено. Ако кучето често спие на овој начин, тоа значи дека се чувствува безбедно и лесно се прилагодува на различни услови.rn
6. Мртва лебарка
rn
rnrnОва е една варијација од положбата на грб, само што изгледа многу посмешно. Оваа положба значи дека вашето куче е навистина среќно и се чувствува безбедно. Исто така животните што спијат во оваа положба често се независни и смирени.rnrnДознајте и нешто повеќе за значењето на постапките на вашето куче.
