Секоја девојка носи одреден вид долна облека која одговара на нејзиниот стил и начин на размислување. Некои гаќички се заводливи, а некои слатки, но сепак сите одговараат на карактерот на личноста која ги носи. Барем така мислат момците. Домаќинка, секси заводница, или практична девојка, откријте што говори изборот на вашите гаќички за вас.rn
1. Чипкаста танга – Нежна, слатка и женствена девојка
rnСигурно поседувате по една во сите бои за да ви одговара на расположението во текот на денот и сѐ уште сакате ноќни излегувања.rnrn
rn
2. Гаќички со принт – Весела девојка
rnСѐ што е со некаков принт (слатки животни, букви, точки…) изгледа малку детски, но некои момци го сакаат тоа.rnrn
rn
3. Флертувачка танга – Флерт девојка
rnВеројатно постојано излегувате од комфорната зона и секогаш сакате да се чувствувате женствено и секси.rnrn
rn
4. Слатки килоти – Слатка и културна девојка
rnАко носите килоти, тогаш вие сте традиционална домаќинка. Одлично се сложувате со неговата мајка и постојано ги посетувате неговите родители за време на празниците. Дури би му дозволиле да гледа фудбал, додека ѝ помагате на идната свекрва околу ручекот.rnrn
rn
5. Боксерки – Фитнес-зависничка
rnВие сте обожавател на здравиот живот и времето за фитнес за вас е најубавиот дел од денот. Тие изгледаат толку секојдневно и релаксирано, што кога би можеле би ги носеле секој ден за секакви пригоди.rnrn
rn
6. Танга од тул – Фалбаџика
rnМногу минимална и од многу фин материјал. Вие сте секси заводница која објавила или сака да објави провокативна слика на Инстаграм.rnrn
rn
7. Проѕирна танга – Хипстерка
rnВие сте девојка која обожува едноставно, а сепак софистицирано. Носите тесни фармерки, морнарски блузи и поседувате неколку парки. А, овој вид гаќички го сакате поради нивната практичност и едноставниот дизајн.rnrn
rn
8. Полушорцеви – Бохо-инди девојка
rnОбожувате летни фестивали, но од необичен жанр на музика кој ретко кој го знае. Најчеста тема за која дискутирате е музиката и имате обичај да го опишувате последниот албум кој сте го слушале на винилни плочи. Ваша најчудна карактеристика е што пиете пиво од шише.rnrn
rn
9. Безобразна танга – Агресивна девојка
rnОва е агресивно парче долна облека, исто како и нејзиниот сопственик кој знае одлично да се бакнува. Иако изгледаат како долен дел од костум за капење, тие сепак имаат своја убавина.rnrn
rn
10. Гаќички со висок струк – Амбициозна девојка
rnАко носите ваков пар тогаш вие дефинитивно се фокусирате на вашата работа и исполнувањето на вашите цели. Иако сакате да си играте игри, најголем процент од времето сакате да имате целосна контрола врз нештата.rnrn
rn
11. Проѕирни боксерки – Машкуданка
rnИзгледате како машкуданка, но во вистинските моменти го покажувате вашиот сокриен сексапил. Обожавате да го победувате партнерот во пикадо, сметате дека можете да испиете повеќе од него и мислите дека можете да го победите во билјард.rnrn
rn
12. Танга со нитни – Сѐ уште млада во духот
rnНе можете да ги заборавите вашите средношколски денови. Време е да прифатите дека тој дел од вашиот живот завршил и да започнете да уживате во удопствата на возрасните.rnrn
rn
13. Женски килоти со машки крој – Сентиментална девојка
rnНема изговор зошто би ги носеле, освен ако ви носат среќа.rnrn
rn
14. Непроѕирна танга без рабови – Воркохолик
rnТие се толку едноставни и обични што за да ги носите мора да сте премногу зафатени и практични. Голема е веројатноста дека носите униформа за на работното место или дека ја носите истата облека секој ден.rnrn
rn
15. Уникатна танга – Зависничка од шопинг
rnАко поседувате ваков пар, тогаш вие сте вљубеник во модата и имате слободно време кое го посветувате на шопинг.rnrn
