КАФЕ ПАУЗА

Што ќе направи мачката ако „намириса“ дека сте болни или имате температура?

Што ќе направи мачката ако „намириса“ дека сте болни или имате температура?

Дали сте забележале дека мачките се обично мирни и тивки? Работата е во тоа што тие се во трајно медитативна состојба. Бидејќи мозокот на мачката е во постојана смиреност, ова животно може да ja „намириса“ болеста кај својот сопственик.rnrnШто ќе направи мачката ако „намириса“ дека сте болни или имате температура?rnrnНашето тело постојано се менува. Дишеме, крвта ни минува низ вените, а во организмот постојано се лачат хормони. Ако се наруши нормалното функционирање на телото, се ослободува супстанција што мачката ја забележува веднаш. Поради тоа, се верува дека мачките чувствуваат присуство на болест кај своите сопственици.rnrnСопствениците на мачки веројатно ќе речат дека тоа е невозможно затоа што мачките не реагираат дури ни кога ќе бидат повикани, а камоли нешто друго. Но, мора да знаете дека мачките не се кучиња и прават што сакаат.rnrnАко имате грип или настинка, мачката ќе биде секогаш покрај вас. Веројатно ќе помислите дека вашето домашно милениче се грижи за вас и ви ја покажува својата љубов, но мачката едноставно ја користи вашата топлина.rnrnПостојат луѓе кои тврдат дека мачките им помогнале да откријат рак. Во моментов, нема истражување што би го потврдило тоа, но има приказни за луѓе кои тврдат дека имале такви искуства.rnrnБез разлика дали верувате во овие приказни или не, верувајте дека мачките се многу интелигентни животни и никој не може да го негира тоа.rnrnПрочитајте зошто мачките имаат толку груб јазик.