Претходно
Што би се случило ако…? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања
4. Што ќе се случи ако сите инсекти на Земјата исчезнат?
Можеби е тешко за верување, но доколку не би постоеле инсектите светот буквално ќе се распадне. Еве зошто е тоа така:
- Околу 80 проценти од сите растенија во светот цутат. Тоа значи дека ним им е потребно опрашување од инсекти, како што се пчелите и пеперутките. Понекогаш, ветерот и животните несвесно помагаат околу опрашувањето, но тоа не е доволно и најголемиот дел од работата ја завршуваат инсектите. Тоа значи дека без инсектите поголемиот дел од растителниот свет ќе исчезне.
- Без постоење на инсекти, не би било возможно да се избегне колапсот на синџирот на исхрана. Ако инсектите исчезнат, ќе исчезнат и многу цицачи и птици заедно со нив. Воедно, кога не би постоеле инсекти коишто опрашуваат растенија, многу животни коишто се исхрануваат со овошје, листови или живеат на дрвјата, исто така ќе изумрат. На овој начин, чекор по чекор, ќе дојде до масовно истребување на живиот свет на нашата планета.
5. Што ќе се случи ако светот започне да се врти два пати побрзо од сега?
Можеме да претпоставиме што мислите: во овој случај денот би траел 12, наместо 24 часа и тоа е точно. Но, постојат и други не толку очигледни и зачудувачки ефекти од оваа промена.
- Нивото на водата на екваторот ќе порасне за 100 метри, како резултат на центрифугалната сила на Земјата што ја влече водата од двата пола.
- Површината на нашата планета ќе се промени до степен на непрепознатливост. Индонезија и поголем дел од северниот дел на Јужна Америка тотално ќе исчезнат, а Африка ќе биде поделена на 2 острови.
- Големата брзина на ротирање на Земјата би предизвикала многу страшни урагани, коишто ќе се вртат со многу поголема брзина.
- Големото количество вода на екваторот ќе предизвика огромно зголемување на влажноста и постојана обвивка од магла.
6. Што ќе се случи ако не се истуширате една година?
Очигледно е зошто е ова многу лоша идеја, но интересно е да откриеме кои би биле резултатите:
- Ако не се искапете 365 дена, вашето тело ќе мириса премногу лошо како резултат на потта и бактериите, коишто ќе се акумулираат на вашето тело.
- Доколку престанете да се туширате, тоа може да доведе до сериозно наталожување на мртви клетки на вашата кожа. Во нормални услови, мртвата кожа се отстранува преку редовното миење, но во овој случај таа ќе се наталожи заедно со природните телесни маснотии, особено зад ушите, на вратот и под градите кај жените.
- Различните типови кожа различно ќе реагираат ако не се мијат цела година. Како и да е, луѓето со секој тип кожа може да очекуваат осип и чешање. Поради недостатокот на ексфолијација, кожата ќе започне премногу да чеша, а на лицето, скалопот и градите може да се формира розов, лушпест осип.
- Доколку не се искапете 52 седмици, а се исечете или ја чешате кожата, ќе морате веднаш да го исчистите тој дел од кожата, бидејќи во спротивно ќе бидете многу подложни на инфекции.
Уште неколку интересни „што ако“ прашања и нивните научни одговори на последната страница…