Што би се случило ако…? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања
7. Што ќе се случи ако луѓето се двојно поинтелигентни одошто се сега?
- Доколку сите сме гении, би биле способни да научиме нови јазици и да совладаме нови професии за само неколку седмици, што значи дека би можеле да пробаме многу повеќе работи во еден животен век. Високиот коефициент на интелигенција, би ни овозможил да ги одбираме професиите и хобијата коишто ни се најмногу интересни, а не само оние за коишто сме ментално способни.
- Постојат големи шанси, дека повеќе луѓе ќе живеат подолго. Според едно истражување, лицата со коефициент на интелигенција 115 имаат 21% повеќе шанси да бидат живи на 76 години, отколку лицата со коефициент 100.
- И покрај тоа што многу луѓе за проблемите коишто постојат во општествата ја обвинуваат човековата глупост, сепак отстранувањето на овој проблем нема да доведе до утопија. Истражувањата покажуваат дека високата интелигенција кај луѓето не влијае врз нивната способност за поголема соработка.
- Како резултат на високата интелигенција, може значително да се зголеми користењето на дрога. Една студија, којашто започнала во 1958 година во САД, покажала дека учесниците коишто имале коефициент на интелигенција повисок од 125, користеле повеќе психоактивни дроги, отколку луѓето со коефициент понизок од 75.
8. Што ќе се случи ако пукате со пиштол во вселената?
Можеби ова ви звучи како многу интересна идеја, но реално не е баш, бидејќи во вселената нема звук.
- Освен тоа што во вселената нема звук, нема ни кислород, којшто е неопходен за да се создаде каков било оган. Сепак, во денешно време постојат пиштоли коишто имаат внатрешен, вграден кислород.
- Доколку пукате во вселената притисокот од испукувањето, којшто лесно можете да го сопрете на Земјата благодарение на вашите стапала и гравитацијата, ќе ве исфрли наназад, така што вие ќе се движите во обратна насока од куршумот.
- Поради отсуството на гравитација, којашто повлекува сè надолу, куршумите би патувале многу подалеку. Поточно кажано, во вселената куршумот може вечно да патува, сè додека не се удри во нешто, како на пример во астероид.
- Интересно е тоа дека во вселената можете многу лесно да пукате во себеси. Ако пукате директно во орбитата на планета, куршумот ќе остане во орбитата, ќе направи круг околу планетата и ќе пукне директно во вашиот грб.
9. Што ќе ви се случи ако јадете само еден вид храна?
Симптомите коишто можат да се јават поради дефицит од хранливи материи, варираат во зависност од тоа која храна ја јадете.
- На пример, ако сте одлучиле да јадете само месо на скара, тоа не содржи јаглени хидрати, коишто се најдобриот извор на енергија за вашето тело. Во овој случај, вашето тело ќе започне да ги јаде вашите мускули и масти за да го надомести недостатокот од енергија.
- Ако јадете само леб или тестенини, тоа ќе доведе до откажување на вашите органи како резултат на дефицит од аминокиселини. Воедно, со толкав недостиг од витамин Ц ќе заболите од скорбут – крвавење на непцата.
- Доколку консумирате само еден тип зеленчук или овошје, тоа сигурно ќе доведе до проблеми со вашето здравје, бидејќи ниеден плод, сам по себе, не ги содржи сите 9 неопходни аминокиселини, коишто се потребни за градење на протеините, кои пак се неопходни за нашите мускули.
- Единствената храна којашто ги содржи сите хранливи состојки што му се потребни на човекот е мајчиното млеко. Дури и возрасните би можеле да преживеат само со пиење мајчино млеко, но би претставувало огромен предизвик да пронајдете жена, којашто ќе биде подготвена тоа да ви го овозможи.
10. Што ќе ви се случи ако паднете во вулкан?
За да се одговори ова прашање, потребно е поголемо научно истражување, отколку што би претпоставиле. Секако, не постои сомнеж дека ќе умрете, но прашањето е на кој начин?
Температурата во вулканот е за 4 пати повисока отколку онаа во вашата кујнска рерна, кога е пуштена на најсилно. Во вулканот, вие набрзо би се распрснале во жарчиња и сосема би изгореле. Сепак, научниците велат дека високата густина и отпорност на лавата, не би ви овозможиле да пропаднете во неа. Наместо тоа, поголема е веројатноста дека луѓето би се треснале на површината од вулканската лава. Исто така, постојат верувања дека можете накратко да чекорите на некои видови лава, секако, само доколку носите професионална облека којашто штити од високи температури.
Може да ве интересираат и овие 12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците.