Неверојатни музеи во кои можете да преспиете

Сподели

За разлика од ликот Лери на Бен Стилер од филмот „Ноќта во музејот“ (Night at the Museum), ние никогаш нема да имаме среќа да ги видиме сите артефакти како оживуваат. Но, музеите во светот сега нудат нешто неверојатно за сите љубители на историјата, а тоа е преспивањето во нив. Да, точно прочитавте! Сите овие музеи ви даваат можност да имате едно од најдоброто едукативно преспивање.

Реклама

rn

Јавен музеј Милвоки, Висконсин

rnСо специјално организирани тематски преспивања, овој музеј им дозволува на родителите со деца од 6 до 12 години да ја искусат историјата преку настани како „Ноќни мистерии“ и „Антички светови“. Присутните можат да уживаат во активности како театарски претстави, лов на богатство, па дури и појадок следното утро.

rn

Научен центар Карнеги, Питсбург

rnЛоциран во центарот на Питсбург, овој музеј нуди шоу во живо, филмови и тематски ноќи како „Морничава наука“ и „Поларен експрес“ за ноќните преспивања. Децата имаат можност да прават најразлични нешта, од гледање планетарно шоу до забава со изложба на роботи која содржи прекрасни реплики од филмот „Војна на ѕвездите“ (Star Wars).

rn

Музеј за природни науки, Калифорнија

rnОвој музеј во Калифорнија нуди искуство за целото семејство. Децата можат да учат и да играат во тематски кампови, а оние кои се над 21 година, можат да уживаат во фантастична музика во живо, уметнички проекти и ловџиско искуство со домашно пиво и вино.

rn

Британски музеј, Лондон

rnБританскиот музеј во Лондон е отворен за деца од 8 до 15 години, нудејќи им огромно искуство, водејќи ги низ различни култури. Сепак, за да можете да преспиете овде, треба да сте зачленети.

rn

Музеј за природни науки, Лондон

rnДоколку некогаш сте во Лондон, не пропуштајте ја ноќта на „`Рчењето на Дино“, во Музејот за природни науки. Овој музеј нуди одделни настани за возрасни и за деца од 7 до 11 години. Децата имаат можност да истражуваат мистериозни патеки и да прават интересни маици, додека пак возрасните можат да направат тура околу галериите со изобилство на алкохол и музика во живо.

rn

Интернационален шпионски музеј, Вашингтон

rnОвој музеј им овозможува на децата од 9 до 13 години заедно со нивните родители, многу повеќе работи од гледање на филмот „Деца од соседството“ (The Neighborhood Kids). Елаборативните костими и мистериозните кодови овозможуваат едукативно и возбудливо искуство.

rn

Музеј на уметност – Рубен, Њујорк

rnДоколку сте љубител на уметноста, ова искуство не смеете да го пропуштите. Во овој музеј можете да дојдете со пижами и да се релаксирате пред спиење, додека размислувате за некое уметничко дело кое е специјално избрано за вас од страна на музејот.

Погледнете ги и овие 7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае.

Популарно

Може ќе ве интересира