Дури и покрај тоа што времето се стоплува, постојат одреден вид луѓе кои едноставно не можат да му избегаат на ладното. Особено во оние ситуации каде што се вклучени климатизери. Овие луѓе се посебни, нивните дланки и стапала постојано им делуваат како ледени коцки, и нивната борба со ладното чувство трае дури и за време на летните месеци. Можеби надвор е топло, но тие се премрзнати однатре. Па, доколку и вие спаѓате во оваа категорија луѓе, тогаш сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниве проблеми.rn
1. Ако заборавите да си земете нешто подебело за на работа, ќе смрзнете во канцеларијата
rn
rnrnИ големи се шансите дека нема да завршите ништо од вашите работни обврски.rn
2. Можете да седите во кино, со џемпер и шал, и повторно да смрзнувате
rn
rnrnЗарем е тоа можно? Сите околу вас уживаат во кратки ракави, а вие се тресете…rn
3. Секој што ќе ги допре вашите дланки или стапала, веднаш се исплашува
rn
rnrnВо еден момент, тие дури се прашуваат и дали воопшто сте живи!rn
4. Мора да користите повеќе ќебиња во кревет, без разлика на поплаките на вашиот партнер
rn
rnrnАко не си направите сопствено гнездо, големи се шансите дека ќе се разбудите како мразулец.rn
5. Токму поради студот и не сакате наутро да станете од вашиот кревет
rn
rnrnНадворешниот свет е толку ладен и без топли ќебиња!rn
6. Постојано размислувате да си донесете греалка на работа
rn
rnrnВашите колеги можеби ќе ве исмејуваат, но тоа тотално ќе вреди.rn
7. Термостатот е најголемата причина за караници во вашиот дом
rn
rnrnНикој не разбира дека 20 степени за вас е исто како да сте се закопале во снег.rn
8. Знаете дека најверојатно никогаш нема да можете да носите шорцеви
rn
rnrnТие можеби изгледаат слатко, но во истиот момент кога ќе налетате на климатизер – ќе смрзнете!rn
9. Преферирате водата за туширање да биде на граница пред да почне да ја гори вашата кожа
rn
rnrnТоа е единствениот начин да го стопите ледот кој секогаш се формира околу вас.rn
10. Кога во кафуле или ресторан ве прашуваат дали сакате маса внатре или надвор, вие најпрво сакате да ја проверите внатрешната температура пред да одлучите
rn
rnrnЦелта е да откриете каде е потопло, внатре или надвор…rn
11. Никогаш не можете да ја погодите температурата во вашиот автомобил
rn
rnrnЕден момент е премногу топло, а веќе во следниот ладен воздух се удира во вас.rn
12. Бричењето на вашите нозе никогаш не ви било приоритет
rn
rnrnЗошто би сакале да се ослободите од совршениот џемпер, исплетен од природата?rn
13. Почнувате да сочувствувате со гуштерите
rn
rnrnТие се секогаш студени и ја разбираат вашата секојдневна битка!
