Фобијата претставува состојба на умот која е поврзана со стравот. Таа може да го промени однесувањето кај една личност до таква мера што може да ѝ го искомплицира животот. Скоро и да не постои личност која нема фобии. Најчестите и најпознатите фобии се: аерофобија (став од летање), акрофобија (страв од височина), клаустрофобија (став од мали, затворени простории), хемофобија (страв од крв) и така натаму… Но, дали сте слушнале за педофобија? Во продолжение прочитајте што тоа значи, кои се симптомите и причините за настанување на овој страв и како можете да го победите.rnrn
rn
Што е педофобија?
rnНе ви се допаѓаат деца? Сè повеќе луѓе чувствуваат одредена одбивност кога треба да се подружат со деца, а тоа најчесто е поради вревата која малите ја предизвикуваат. Постојат и луѓе кои не сакаат да држат бебе во своите раце, бидејќи тоа им изгледа премногу нежно за нив. Доколку се работи само за ова, тогаш не станува збор за фобија.rnrnПедофобија е страв од деца и бебиња. Не затоа што на некој не му се допаѓаат, или пак му досадуваат, туку станува збор за ирационален страв кој е поврзан со анксиозност, и кој може да прерасне во паника. Една работа е некој да не сака да има деца во негова близина кога се обидува да се релаксира, а сосема друга е кога близината на децата предизвикува криза како анксиозност.rn
Симптоми на педофобија
rnИрационалниот страв кој се манифестира од педофобијата се јавува исто како и кај другите фобии. Стравот се појавува во моментот кога во близина има мало дете или бебе. Личноста која има педофобија доживува симптоми слични на анксиозност, како вртоглавица, потење, забрзано срцебиење, нервоза и отежнато дишење.rnrnФизичките симптоми се влошуваат кога некоја личност ќе започне да размислува дека поради оваа фобија не може да се прилагоди во животот и во социјалните кругови. Личностите кои страдаат од педофобија го поминуваат животот избегнувајќи деца кои ги има насекаде. Поради неможноста да бидат во присуство на деца, тие почнуваат да се чувствуваат како лоши личности и како некој кој не е социјално прилагодлив.rn
Причини за педофобија
rnСè уште не е познато што точно ја предизвикува педофобијата. Коренот на многу фобии е пронајден во самото растројство на анксиозноста која е предизвикана од ирационални стравови. Сепак, овој атипичен страв од деца може да биде предизвикан од некое искуство кое предизвикало траума.rnrnТрауматското детство или доживеаните непријатности за време на најраниот период на растење, може да биде мотив за развој на ова растројство. Исто така, причина може да биде и непријатното искуство со дете, како на пример, сообраќајна несреќа, па дури и смрт.rn
Лекување на педофобија
rnЗа да се надмине ирационалниот страв од деца, неопходна е помош од стручно лице, односно психолог. Не треба да се заборави дека некои фобии можат да предизвикаат претерани реакции во кои може да дојде и до насилство. Кога се работи за педофобија, не е загрозена само личноста која страда од неа, туку и децата кои се наоѓаат во близина на таа личност.rnrnТерапијата која се одредува од страна на експерт, за цел има најпрво да ја пронајде причината за појавата на оваа фобија, а потоа фокусот се става на контролирање на однесувањето кај личноста која страда од педофобија. Најчесто се вклучуваат техники на опуштање со цел да се редуцира стресот настанат во присуство на деца.rnrnДознајте и што е черофобија и дали страдате од неа?