Секојдневно се среќаваме со разни интернет загатки и интересни задачи. Овој пат за вас имаме една интересна загатка, во која се вклучени една вага и 8 капсули. Дали сте толку паметни за да ја решите и да избегате од собата?
Некој човек ве затворил во соба. На масата ви оставил: вага, капсули и порака.
Во пораката го пишувало ова:
[message_box title=”” color=”yellow”]Една од овие капсули е отровна, а таа тежи помалку од другите. Ќе преживее оној, кој ќе ги испие сите 7 капсули освен отровната. Вагата можеш да ја користиш само за две мерења, после тоа таа ќе се заглави. Ако не се отруеш, ќе те пуштам.
[/message_box]
Ако не успеавте, погледнете го решението.
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]
На првото мерење ќе поставите 3 капсули од едната страна и 3 на другата. Ако се идентична тежина, тогаш од преостанатите 2 капсули една е отровна. На второто мерење ги поставувате преостанатите 2 капсули и која е полесна, таа е отровната.
Ако на првото мерење, едната страна е потешка од другата, тогаш ги земате трите капсули од полесната страна, а другите ги оставате со преостанатите 2. На второто мерење, од трите капсули на вагата ставате две капсули. Ако се различна тежина тогаш полесната е отровна. Ако и двете се иста тежина, третата капсула е онаа отровната. Супер, успеавте да излезете од собата!
[/toggle_item]rn[/toggle_box]

