Уметниците важат за многу емотивни, креативни и талентирани луѓе кои делуваат како да живеат во некој свој свет. Тие се најголемите критичари на современото општество, бидејќи веруваат дека никој не може да ги прифати и разбере такви какви што се. Освен тоа, владее мислењето дека уметниците мораат да бидат тажни и незадоволни од животот за да создаваат ремек-дела. Па, доколку отсекогаш ве привлекувал уметничкиот начин на живот, но не сте знаеле како да го спознаете, ова се 10-те правила по кои треба да се водите за да се чувствувате како вистински уметници…rnrn
rn
1. Постојано споредувајте се со други уметници
rnУметниците имаат голем натпреварувачки дух и секогаш обрнуваат внимание на конкуренцијата. Доколку нивното дело е најуспешно, се чувствуваат неизмерно горди на себе и не се плашат тоа и да го покажат. Ако, пак, делата на конкуренцијата се поуспешни од нивните, сопствениот неуспех го припишуваат на лошиот вкус на публиката.rn
2. Разговарајте со вашето семејство за она што го правите и очекувајте ја нивната поддршка
rnКолку и да се горди, сепак и на уметниците им треба поддршка од најблиските. За жал, ретко кои родители се воодушевени кога ќе чујат дека нивното дете сака да се запише на драмски факултет или на ликовна академија. И покрај тоа, уметниците најчесто одат против сите и не отстапуваат од нивните соништа.rn
3. Засновајте го целиот ваш професионален успех на еден единствен проект
rnПостојат голем број уметници кои се прославиле благодарение на едно дело и толку. Тие сѐ уште се присутни во јавноста, но не создаваат ништо ново или пак не можат да го повторат претходниот успех. Остануваат запаметени само по една претстава, книга или уметничка слика и потоа се чини како земјата да ги проголтала.rn
4. Држете се само до она што го знаете
rnКога уметниците ќе забележат дека постигнуваат успех со еден ист метод на работа, ретко кога се осмелуваат да експериментираат и да го променат. Изговорот им е дека по тоа се препознатливи, односно дека тоа е нивниот заштитен знак. Вистината е дека премногу се плашат да преземаат ризици и постојано играат на сигурно.rnrn
rn
5. Потценувајте го вашиот талент
rnУметниците се исто така познати по нивната лажна скромност. Тие имаат тенденција да зборуваат лошо за себе и за нивните дела во јавност со цел да добиваат повеќе комплименти и да привлечат внимание. Некои од нив навистина се несигурни во себе и имаат негативно мислење за она што го работат, но преовладуваат оние кои намерно ги омаловажуваат сопствените креации за да остават посилен впечаток на несфатени и неприфатени уметници.rn
6. Парите нека ви диктираат што да правите
rnНеретко уметниците се газат себеси и сопствените убедувања за пари. Почнуваат да создаваат дела и да прават работи во кои не веруваат за да опстанат или за да го задржат своето влијание во општеството.rn
7. Подлегнете на притисоците што ги наметнува општеството
rnКога уметниците ќе сфатат дека не можат да функционираат како отпадници, почнуваат да ги прифаќаат општествените норми, но повторно на нивен авангарден и ексцентричен начин. Тие можеби во јавност ќе продолжат да се претставуваат како несфатени и неприфатени, но приватно ќе се однесуваат исто како и сите други обични смртници.rn
8. Критикувајте ги сите нешта што постојат на светот
rnУметниците секогаш имаат по некој навредлив збор во ракав за сѐ што се движи, дише и мирува на планетава Земја. Тоа е така затоа што им било кажано дека мора да имаат мислење и критички став за сѐ во животот. Не плашете се отворено да кажете дека масата е непропорционална во однос на столчињата во нечија трпезарија или дека просторијата не е соодветно осветлена.rnrn
rn
9. Купете си шал
rnШалот е неизоставен дел од секоја модна комбинација на вистинските уметници. Воопшто не е важно кое годишно време е! Шалот оди добро на сѐ без разлика дали е зима или лето. Како би можеле да направите драматично замавнување кога не би имале шал?! Никако! Под итно купете си што е можно подолг шал.rn
10. Поставете си недостижни цели кои ќе ги остварите најдоцна до утре
rnСо оглед на тоа што уметниците се многу драматични, тие честопати знаат да ги преувеличат работите. По неколку пати секоја недела тие не знаат кој пат да го одберат, како да ги остварат целите и кои хипстерски очила да ги стават. Станува збор за многу стресни и значајни одлуки! Плаќањето на сметките мора да стане вашата недостижна цел, за да можете да го сфатите тоа толку трагично што ќе го разбудите уметникот во себе!rnrnВе молиме немојте да ги сфаќате овие саркастични правила премногу сериозно. Секако дека не се сите уметници исти и постојат голем број такви кои отскокнуваат од вообичаените стереотипи што владеат за нив. Уметничкиот живот е толку бурен и непредвидлив што дефинитивно не би можел секој да го издржи. Треба да ја цениме и почитуваме уметноста бидејќи таа ни ги задоволува сетилата, ни го разубавува животот, ни помага да ги согледаме нештата од повеќе различни перспективи, но и да се спознаеме себеси. Уметниците се важен дел од секое општество и сосема е разбирливо доколку некогаш сте посакале да ја почувствувате магијата на нивниот свет.rnrnДоколку не се сметате себеси за уметници, не очајувајте. Вистината е дека во секој човек лежи по некоја уметничка жичка што чека да биде откриена. Обидете се да ја разбудите вашата креативна страна и ќе се изненадите од извонредната уметност која можете да ја создадете!rnrnДоколку сте вистински љубители на уметноста, погледнете ги овие неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот.