КАФЕ ПАУЗА

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Романтични места кои треба да ги посетите во Рим

Рим е еден од најубавите градови во Европа, а Италија секогаш потсетува на романтика. Овој град е место кое мора да го посетите доколку сакате вашата љубовна приказна да добие уште една прекрасна страница. Одберете ги најромантичните локации во Рим и заедно истражете го градот кој има богата историја, единствена архитектура и важни културни обележја.rnrnРомантични места кои треба да ги посетите во Римrnrn

1. Фонтаната Треви

rnРомантични места кои треба да ги посетите во РимrnrnСместена на крајот од Аква Верџине, еден од најстарите акведукти кои го снабдувале Рим со вода, фонтаната Треви е најголемата (26 метри висока и 20 метри широка) и најамбициозната барокна фонтана во Рим. Фасцинантна е и мермерната статуа на Нептун, богот на морето, која постојано привлекува туристи.rnrnФрлете неколку парички во фонтаната за среќа и уживајте во неверојатните ефекти на светлината. Најдоброто време за посета на фонтаната Треви е многу рано наутро кога ноќната светлина се одбива од фонтаната, а уличните светилки создаваат романтична атмосфера.rn

2. Градината Пинчио

rnРомантични места кои треба да ги посетите во РимrnrnДоколку сте во потрага по спокој, тогаш мора да ја посетите градината Пинчио. Тука ќе уживате во погледот кон плоштадот Пјаца дел Пополо, од каде што можете да ги видите и папската базилика Св. Петар и ридот Џианиколо.rnrnЗелената градина со спектакуларен поглед кон Рим и мирните патеки поврзани со вилата Боргезе преку пешачкиот мост се само дел од магијата на ова место.rn

3. Барот на кровот од хотелот Рафаел

rnРомантични места кои треба да ги посетите во РимrnrnБарот во овој хотел е едно од најромантичните места во Рим во кое можете да пробате превкусни специјалитети и да уживате во неверојатниот поглед на градскиот пејзаж. За време на зајдисонцето, призорот е многу филмски.rn

4. Мостот на ангелите

rnРомантични места кои треба да ги посетите во РимrnrnОвој мост е еден од најспектакуларните римски градби направени од мермер кој може да се пофали со својата архитектура и големина. Со скулптурите на св. Петар и Павле на самиот влез, мостот преку реката Тибар нуди впечатлив поглед на Тврдината на ангелите. Тој важи за еден од најпознатите романтични места во Рим, совршен за разменување нежности.rn

5. Шпанските скали

rnРомантични места кои треба да ги посетите во РимrnrnШпанските скали се една од најпопуларните туристички атракции во Италија. Првичната намена им била да ја поврзат шпанската амбасада со француската црква Тринита деи Монти. Голем број од сцените во романтичната комедија „Празник во Рим“ (Roman Holiday), во кој глумат Одри Хепбер и Грегори Пек, се снимени токму тука.rnrnВи треба инспирација? Погледнете ги овие филмови поради кои ќе посакате да го посетите Рим.