Бременоста е различна кај сите животни. Рендгенските снимки на овие животни ни даваат увид во тоа како изгледа таа кај нив. Дали сте знаеле дека стотици бремени лилјаци формираат нивни сопствени мајчински области? Или пак дека желките може да положат јајца од сезона на парење која ја имале пред три години? Погледнете ги овие рендгенски снимки и дознајте што е она што ја прави уникатна бременоста кај секое животно.rn
1. Бремена желка
rn
rnrnЖенските желки се во можност да ја задржат спермата во јајцеводите во период од три години. Едно положување на јајца може да има повеќе татковци.rn
2. Бремен мајмун од видот лангур
rn
rnrnЕдна зоолошка градина во Австралија има развиено програма за размножување за овој загрозен вид.rn
3. Бремена мачка
rn
rnrnМачките може да забременат од околу 4-месечна возраст, доколку не бидат стерилизирани. На околу 45 дена од бременоста, скелетите на малите мачиња ќе бидат доволно оформени за да се појават на рендгенските снимки.rn
4. Бремена змија
rn
rnrnВо зависност од видот, змиите може или да положат јајца или да носат живи плодови, како што е покажано на сликава. Некои видови може да носат од две до десет змии и да ја чуваат спермата подолг период. Значи, доколку се парат во есенската сезона, спермата ќе се чува и бременоста ќе започне по хибернацијата.rn
5. Бремено куче
rn
rnrnКучињата се бремени три периоди, а секој период трае по 21 ден. Околу 45-тиот ден возможно е со рендгенски снимки да се открие колку кученца има внатре во стомакот.rn
6. Бремен гуштер
rn
rnrnПовеќето видови од гуштерите кои живеат на дрво, вклучувајќи го и овој, носат живи плодови. Можете ли да ги забележите трите мали бебиња во внатрешноста на мајката?rn
7. Бремен лилјак
rn
rnrnЛилјаците се сметаат како едни од животните кои имаат најбавна репродукција. Женките раѓаат по само еден потомок и бремените лилјаци може да се формираат заедно во голема мајчинска група.rn
8. Бремена киви
rn
rnrnДивите женки положуваат јајца на околу 3 до 5-годишна возраст. Положеното јајце е шест пати поголемо отколку што може да се процени големината на птицата, зафаќајќи 20% од телото на неговата мајка.rn
9. Бремена чинчила
rn
rnrnСамо неколку часови откако ќе се родат малите, тие се способни да ги отворат очите и да почнат да одат.rn
10. Бремен ракун
rn
rnrnБременоста обично трае 63 дена, со 4 до 5 плодови. Малечките ги отвораат очите околу три недели по раѓањето.rn
11. Бремено морско прасе
rn
rnrnЖенските морски прасиња стануваат сексуално зрели на 2-месечна старост, а размножувањето по 8-месечна возраст може да биде опасно.rn
12. Бремена срна
rn
rnrnБременоста трае околу 230 дена и само неколку денови по раѓањето, мајката може повторно да се размножува, а тоа им помага да го заштитат нивниот вид од изумирање.