Разговор со нобеловецот Игор Томески: Зошто Македонија последна дознава за своите таленти?

Сподели

rn

Реклама

Дали во Македонија владее непрофесионализам?

rnИгор моментално студира во САД и соработува со видни личности од филмскиот и театарскиот свет, меѓу кои и со режисери од Бродвеј. Тој имал прилика да го спореди професионализмот во Америка и (не)професионализмот во Македонија.rn

„Професионализмот лежи во тоа што артистите не дозволуваат нивните емоции, фрустрации и его да им влијаат на професијата и одлуките. Мнозинството Американци, согласно системот, се тренирани да ги потиснуваат емоциите, да наградуваат и да пофалуваат успех бидејќи самите сакаат да напредуваат, да се надградуваат со знаење и да бидат опкружени со успешни луѓе. Кај нив животот е работа – работата навлегува целосно во животот, па имаат поголема потреба да се занимаваат со тие разграничувања помеѓу приватноста и стручноста и тој начин на однесување е природен за нив. Кај нас, начинот на живот налага нешто друго. Кај нас е обратно – животот и приватноста навлегуваат во работата, но далеку од тоа дека ситуацијата не може да се надмине и подобри“, отворено зборува Игор.

rnТаа ронка надеж му остава простор на Игор еден ден да продолжи да работи во Македонија и да не „пушта корени“ на едно место.rn

„Како уметник чија професија зависи од проекти, а не од фиксно работно време и чија професија ги вклучува и патувањата, јас не би смеел да се ограничувам. Постојат многу колеги во мојата професија кои постојано менуваат места на живеење согласно работните понуди и проектите. Природата на уметникот е да не мирува и да не се задоволува со монотонијата на едно место. Би работел секаде каде што би имал прилика, можност и убава енергија, вклучувајќи го САД и, секако, Македонија каде многу други работи ме врзуваат за неа, настрана од професијата“, признава младиот уметник.

rnИ покрај тоа што во странство работите се малку поинакви, тоа не значи дека ситуацијата во Македонија не би можела да се смени и подобри. Постојано треба да се работи на општествениот напредок и да се прифаќаат промените кои се добри за народот и неговиот развој.

rn

Дали Македонија претставува плодна почва за културен и уметнички развој?

rnМакедонија е богата со талентирани луѓе од сите области, но главното прашање е дали им нуди доволно можности за да се реализираат себеси. Игор, како човек кој живее 3 години надвор од нашата земја, има поинакво гледиште на работите.rn

„За да имаме плодна почва за културен и уметнички развој, верувам дека Македонија мора да изнаоѓа поефективни начини и техники да ги препознава и развива младите таленти и уметници, од медиумски и институционален аспект“, објаснува Игор.

rnНо, проблемот не е само кај државата, туку и кај младите таленти.rn

„И младите таленти мораат да се запознаваат како со светските трендови така и со Македонија, со сите нејзини маани и доблести за коишто можеби не сме свесни. Мала земја сме, сѐ ни е блиску, а тоа отвора голем простор за лично надградување и поврзување со други колеги и ментори, така што соработките и проектите би требало да одат полесно и побрзо во споредба со некои други земји“, открива тој.

rnСепак, Македонија не е единствената земја што се соочува со ваков проблем.rn

„Треба да се сфати дека уметниците, каде и да почнуваат да творат, секогаш ќе треба да работат макотрпно, па и кај нас. Глобално гледано, никаде во светот моментално не е идеална почвата за уметност ако во тоа бараме и профит и емотивна исполнетост/уметнички развој – освен можеби Холивуд и Бродвеј каде ќе го добиете само профитот, додека нивните индустрии се речиси целосно комерцијализирани и се помалку ’уметнизирани’. Светот сѐ помалку обрнува внимание на уметниците и на духовното. Наместо тоа, се врти кон материјалното и уметниците треба да бидат свесни за тоа“, изјави Томески.

rnПа, како Македонија би можела да се одбрани од оваа појава и да постигне уметничка реализација? Според Игор, постојат 2 основни можности за тоа.rn

„Доколку сакаме да создаваме уметност како наша пасија и хоби, секој и секаде може да го направи тоа и во тој случај, големото внимание, препознавање од страна или имањето услови не се неопходни. Но, само најуспешните и најупорните можат да остварат профит и да изградат кариера. Секој има простор за самореализација и творење, па дури и во Македонија. Кога станува збор за реализација на проекти, сѐ зависи од компетитивноста, упорноста, снаодливоста и талентот на уметниците. Во мала земја со ограничен пазар и приходи како нашата, само најупорните и оние со најголем жар се развиваат и пробиваат. Јас би рекол дека за да имаме каков било плод на оваа почва, дали културен или уметнички, зависи од тоа колку вода полеваме во нашите срца, од каде што и започнува развитокот на секоја индивидуа“, открива Игор.

rnУметниците треба да ги негуваат своите таленти и да не се обесхрабруваат од идејата дека немаат доволно услови или дека никој не го цени нивниот талент. Вистинскиот успех потекнува од сознанието дека сте створиле нешто прекрасно и значајно.

Продолжете на следната страница за остатокот од текстот…

Популарно

Може ќе ве интересира