КАФЕ ПАУЗА

Со помош на стисокот на дланките можеме да ги процениме шансите за прерана смрт

Истражувањето спроведено на повеќе од 14 илјади луѓе од 14 земји покажало дека силата на стисокот на дланката е подобар показател за здравјето од крвниот притисок.rnrnso-pomosh-na-stisokot-na-dlankite-mozheme-da-gi-procenime-shansite-za-prerana-smrt-kafepauza.mkrnrnТајната на здравиот живот – проценувањето на шансите за прерана смрт, срцев или мозочен удар –  може да лежи во дланката, сугерира неодамна објавената студија во научното списание „Lancet“.rnrnМеѓународниот тим на доктори објавил дека испитувањето на силата на стисокот може да биде едноставен и евтин тест кој би можел да се спроведува во лекувањето.rnrnМаксималната сила на стисокот со годините се намалува, но луѓето на кои таа сила им опаѓа со побрзо темпо имаат поголем ризик од здравствени проблеми.rnrnЖените во 20-тите години од животот имаат сила на стисокот од околу 34 кг, што кај жените во 70-тите опаѓа на 24 кг, додека еквивалентните вредности за мажите изнесуваат 54 кг наспроти 38 кг.rnrnИстражувањето покажало дека намалувањето на силата за 5 кг го зголемува ризикот за прерана смрт за 16%. Изгледите за фатален срцев удар се зголемуваат за 17%, а за мозочен растат за 9%.rnrnДокторите тие ризици денес ги проценуваат преку прашалници кои ги пополнуваат пациентите, во кои се бара да одговараат на прашања во врска со пушењето, телесната тежина, крвниот притисок, нивото на холестерол и семејната историја.rnrnИстражувачите наведуваат дека мерењето на силата на стисокот поточно го предвидува идното здравје од крвниот притисок, како и дека тоа би можело да биде новото оружје во проценувањето на ризиците.rnrnСтручњаците сепак тврдат дека не е јасна поврзаноста помеѓу силата на стисокот на дланката и здравјето на срцето и дека се потребни дополнителни истражувања во областа.