Курасао е најголемиот остров во Холандските Антили. Се наоѓа во Карипското Море и спаѓа во таканаречената група острови АБЦ заедно со Аруба и Бонаер. Иако географски и припаѓа на Јужна Америка (оддалечен е само 60 километри од брегот на Колумбија и Венецуела), делува многу како Холандија. Ова не е изненадувачки, бидејќи тој бил под холандска власт од 1863 година, додека од 2010 година се смета за независна територија на Кралството Холандија.rnrn
rnrnНа островот сè уште се зборува на холандски јазик (заедно со англиски и креолски јазик). Колонијалната архитектура во главниот град Вилемстад е заштитена од УНЕСКО и се чини дека му припаѓа на Амстердам, а не на Карибите.rnrnКурасао има прекрасен подводен свет со бројни корали, морски сунѓери, привлечни риби и други морски суштества, но и со неколку потонати бродоломи, па затоа е голема мамка за туристите вљубени во нуркањето.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и кои 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.
Рај за љубителите на морското синило: Европски остров на „погрешен“ континент
