КАФЕ ПАУЗА

Работливо мајмунче мие садови

Работливо мајмунче мие садови

Автор: Весна ЈовановскаrnrnЦивилизираниот мајмун Пит кој се наоѓа во засолниште за примати во Боливија знае да мие садови. Оваа несекојдневна особина тој ја научил од Луис Думас од Париз, кој неколку години работел во засолништето, како дел од мисијата за повторно враќање на мајмуните во дивината.rnrnРаботливо мајмунче мие садови
rnrn

„Пит ме набљудуваше додека мијам садови и по неколку дена почна совршено да ме имитира во тоа“, вели Луис.

rnПокрај тоа што е вреден, Пит е и особено грижлив мајмун. Додека ги мие садовите, тој на својот грб ја носи и малечката Пеи. Иако таа не е негова ќерка, тој сепак, се однесува заштитнички  кон неа.rn
rnrn

„Пит е тешко повреден, тоа се забележува на неговиот изглед, па затоа нема многу среќа со дамите. Најверојатно, овие работи го натерале да се насочи кон грижа за младите мајмунчиња“, коментира Луис. rnrn„Месеците поминати со мајмуните се најмагичното време во мојот живот“, додава тој.

rnrnПогледнете го видеото, кое иако е снимено поодамна, одлично ги прикажува човечките вештини на овој мајмун.rnrnrnrnВаквите потези на мајмуните и не се веќе толку чудни. Се сеќавате на орангутанот што се брише со мокра крпа за да се излади?rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.