Некои луѓе се навистина комплицирани и многу бараат во кревет. Кај нив ништо не минува лесно кога е во прашање интимноста. Тие сакаат да знаат сè за вас, а еден хороскопски знак навистина се истакнува со ова.rnrn
rnrnСтанува збор за Водолијата, но само за оние луѓе кои се родени под владеењето на Венера, односно во 1934, 1941, 1948, 1955, 1962, 1969, 1976, 1983, 1990 и 1997-ма година.rnrnКога Водолијата е вљубена во некого, тоа можете да го забележите од авион. Таа не разбира зошто би ја сокривала нејзината наклонетост кон саканата личност.rnrnСексуалната желба е само еден аспект на Водолијата кога станува збор за љубовта. Таа ќе сака добро да ве запознае како личност и да знае сè за вас. Сака да ги сложи информациите сè додека не добие комплетна слика за вас.rnrnОвој хороскопски знак го цени и сака напредувањето во која било област, а овде спаѓаат и романтичните врски. Луѓето родени во знакот Водолија сакаат работи кои ги придвижуваат и од кои секојдневно можат да чувствуваат возбуда. Полни се со уникатни идеи и сакаат да експериментираат во љубовта, но и во креветот.rnrnНивната бунтовна страна особено се изразува кога одбираат партнер. Најчесто одбираат екстремни луѓе.rnrnВодолиите се во состојба да го жртвуваат и својот углед за да му докажат на светот дека вистинската љубов постои и надвор од наметнатите норми. Нивната негативна страна е склоноста кон експериментирање и истражување во романтичните односи, а многу често нивните чувства кон партнерот се сведуваат на безличност и апатија.rnrnЖените во овој знак се атрактивни и шармантни. Сакаат да бидат впечатливи, па често се одлучуваат за необични фризури или алтернативен стил на облекување. Она што нив ги интересира во животот е неконвенционалноста.rnrnМажите Водолии пак, се склони кон избор на необични и ексцентрични партнери. Нив им се допаѓаат луѓе кои за остатокот од светот можеби се чудни.rnrnПогледнете и кои хороскопски знаци би ве направиле најсреќни во врска.
Хороскопскиот знак којшто е најкомплициран во кревет
