Дали вашата чаша е половина полна или половина празна? Дали секое утро очекувате сонце или дожд? Дали верувате во најдобриот исход или секогаш го очекувате најлошото? Решете го овој текст и дознајте дали сте оптимист или песимист.rnrn
rnrnПрочитајте ги внимателно следниве прашања, искрено одговорете со „да“ или „не“ и потоа соберете ги бодовите од вашите одговори…rnrn1. Дали сакате да патувате?rnrn2. Дали сакате да научите да работите нешто ново, нешто што досега никогаш не сте го правеле?rnrn3. Дали патите од несоница?rnrn4. Дали сакате да ги каните пријателите на гости или да одите вие да ги посетите?rnrn5. Имате ли развиена интуиција, односно дали можете да претчувствувате неволја која следува?rnrn6. Ве обземаат ли често мисли дека многу луѓе од вашата генерација постигнале многу повеќе во животот од вас?rnrn7. Се занимавате ли со спортување?rnrn8. Сметате ли дека судбината била неправедна кон вас?rnrn9. Ве загрижува ли можноста за глобална катастрофа?rnrn10. Сметате ли дека размислувањето предизвикува повеќе проблеми отколку што решава?rnrn11. Се сомневате ли во изборот на вашата професија?rnrn12. Дали вашиот дом е осигурен?rnrn13. Дали би се преселиле во друг град доколку таму ви понудат интересна и добро платена работа?rnrn14. Дали сте задоволни со својот изглед?rnrn15. Дали често се чувствувате лошо?rnrn16. Можете ли лесно да се вклопите во нов тим на работа.rnrn17. Дали луѓето околу вас сметаат дека сте активна личност?rnrn18. Верувате ли дека постои пријателство без корист?rnrn19. Верувате ли во добри знакови: среќни броеви, денови и слично?rnrn20. Сметате ли дека секој сам ја гради својата среќа?rnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бодување:” active=”false”]rnrn1. Да – 1; Не – 0rnrn2. Да – 1; Не – 0rnrn3. Да – 0; Не – 1rnrn4. Да – 1; Не – 0rnrn5. Да – 0; Не – 1rnrn6. Да – 0; Не – 1rnrn7. Да – 1; Не – 0rnrn8. Да – 0; Не – 1rnrn9. Да – 0; Не – 1rnrn10. Да – 0; Не – 1rnrn11. Да – 1; Не – 0rnrn12. Да – 0; Не – 1rnrn13. Да – 1; Не – 0rnrn14. Да – 1; Не – 0rnrn15. Да – 1; Не – 0rnrn16. Да – 1; Не – 0rnrn17. Да – 1; Не – 0rnrn18. Да – 1; Не – 0rnrn19. Да – 1; Не – 0rnrn20. Да – 1; Не – 0rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rn
Резултати:
rn
Сериозен песимист (0-4)
rnИзгледа дека животот воопшто не внимавал на вас, па токму затоа и ништо не очекувате од иднината. Проблемите за вас се природна работа, а радоста е нешто што одвреме-навреме ви се случува. Токму затоа постојано ве мачи чувство на вина и намалена вредност за себе. Иако е добро да се преземе одговорноста за она што ни се случува во животот, вие едноставно претерувате во себеобвинувањето. Време е да ја промените вашата перспектива!rn
Песимист (5-9)
rnВие по природа сте весела личност, но во животните борби сте изгубиле дел од оптимизмот. Се плашите од неуспех и токму затоа сте се повлекле во себе. Мислите дека сè што е добро кратко трае и дека вие не можете никако да влијаете врз тоа. Време е да излезете од вашата удобна зона!rn
Реалист (10-14)
rnВие сте реалист кој знае да се цени и себеси и другите. Знаете како да си ги поставите задачите и како успешно да ги решите. Активни сте во вашиот живот. Емотивната стабилност се гради со години и токму затоа не е чудно што зрелоста носи стабилност и во овој поглед. Некој секогаш ќе биде поубав, попаметен и помлад од вас, но никогаш нема да биде ВИЕ. Немојте да се менувате за да ги натерате другите да ве сакаат. Бидете оние кои навистина сте и вистинските луѓе веднаш ќе ве засакаат!rn
Оптимист (15-18)
rnВас ретко кога ве обзема депресија бидејќи постојано се трудите да ја гледате светлата страна на нештата. Многумина не сфаќаат на што е заснован вашиот оптимизам. Вие лошите нешта ги препишувате на моментални причинители, односно верувате дека нештата брзо ќе се подобрат. Вие станувате брзо откако ќе паднете, а токму тоа укажува дека сте на правиот пат!rn
Вечен оптимист (19-20)
rnВашиот оптимизам е бескраен. За вас изгледа не постојат непријатности. Браво!