Автор: Сара ТурановиќrnrnШто навистина знаете во врска со чевлите? Дали ја знаете вистинската приказна зад црвената боја на штиклите Лубутан? Тогаш бидете подготвени да ја откриете. Ви ги презентираме овие 5 интересни факти кои ќе ви откријат нешто повеќе за вашите омилени чевли.rnrn
rn
1. Мажите први носеле штикли
rnВо десеттиот век, мажите кои јавале на коњ задолжително морале на своите чизми да носат штикла за да спречат лизгање на ногата. Како што поседувањето коњ било знак на богатство, штиклите биле знак на аристократија и висок социјален статус.rnrn
rn
2. И Античките Грци носеле висока пета
rnКога Античките Грци настапувале во претставите, костимите биле главен индикатор на карактерите. Актерите кои глумеле во трагедии носеле сандали кои имале подигната платформа, за да симболизираат супериорност над комичните ликови.rnrn
rn
3. Зошто познатите Лубутанки имаат црвен ѓон?
rnЛубутан сакал да направи чевли инспирирани од познатата слика на Ворхол, „Цвеќе“. Кога штиклата пристигнала, тој сè уште мислел дека сликата е поубава од неговиот модел. Тогаш ја здогледал својата асистентка како ги лакира ноктите во црвена боја. Го земал нејзиниот лак и го намачкал ѓонот со јака црвена боја.rnrn
rn
4. Одри Хепберн ги направи мокасините вистински тренд
rnТаа ги воведе мокасините во женски стил. На мажите им изгледале одлично, зошто не би им стоеле и на жените? Ги прослави во филмот „Смешно лице“ во 1957 година. Таа играше во црни кожни мокасини.rnrn
rn
5. Чевлите „Доктор Мартинс“ биле чевли за работа
rnОригиналните „мартинки“ биле креирани од страна на Германецот, доктор Мартинс и неговиот пријател доктор Фуник, кои измислиле чевли со воздушен ѓон. Британците овие рачно изработени чевли ги вовеле во 1960 година. Тие биле погодни за работниците поради нивниот лесен ѓон, но вистински хит станале во седумдесеттите преку панк движењата во Велика Британија.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.