Најдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екран

Сподели

Сигурно имате помислено дека користењето технологија од страна на децата излегува од контрола. Секојдневно гледаме деца „залепени“ за екрани. Но, ако ги натерате децата да го остават таблетот и да излезат надвор да си играат, сигурно ќе наидете на отпор. За среќа, постојат некои активности во кои децата навистина ќе уживаат.rn

Реклама

1. Хулахоп

rnИако хулахопот воопшто не наликува на вежбање, тој е одличен за кардио. Ја подобрува координацијата, како и фокусот и концентрацијата. Уште подобро ќе биде ако успеете да најдете хулахоп што свети во темно. Сите деца сакаат работи што светат. Исклучете ги светилките во домот и направете мала забава со светлечки хулахопи.rn

2. Влечење јаже

rnДецата ги сакат натпреварите. Влечењето јаже е одлично за зајакнување на стомачните мускули, бицепсите и листовите. Истовремено ќе се социјализираат и ќе работат на нивната издржливост. Уште поинтересно ќе биде ако играта ја играат по дожд. Можеби ќе се извалкаат со кал, но истражувањата покажале дека некои бактерии од почвата всушност се добри за здравјето.rn

3. Боречки вештини

rnБоречките вештини се одлична вежба за децата. Тие ќе им помогнат да ги зголемат нивните самодоверба, фокус, издржливост и самодисциплина. Покрај менталните и емоционалните придобивки, боречките вештини се одлични за хиперактивните деца. Можеби ќе биде тешко да го најдете најдоброто училиште за боречки вештини, но потрагата навистина вреди.rn

4. Качување по карпи

rnЛуѓето кои искачуваат карти се едни од најподготвените атлети. Со овој спорт се развива неверојатна сила и одлични мускули на рацете и нозете. Исто така за овој спорт е потребно и стратегиско размислување. Качувањето карпи се покажало како одлична терапија против анксиозност, депресија и ниска самодоверба.rn

5. Пливање

rnПливањето е одлично за флексибилност, намалување воспаленија и зајакнување на коските. Повеќето деца навистина сакаат да си играат во вода со пријателите. Истражувањата покажале дека пливачите имаат 50% помали шанси за прерана смрт за разлика од другите спортисти. Па, пливањето буквално може да му го продолжи животот на вашето дете.

Продолжува на следната страница…

Популарно

Може ќе ве интересира