Ботулинум претставува токсин кој се излачува од бактеријата Clostriium botulinum и воедно предизвикувач на болеста ботулизам. Овој токсин е невромускуларен блокатор кој предизвикува парализа на инфектираниот мускул со што се спречува излачувањето на невротрансмитерот ацетил холин од мотоневроните. Исто така, ботулинумот го намалува потењето така што делува на симпатичкиот нервен систем кој ги контролира потните жлезди.rnrn
rn
Медицинска и козметичка употреба
rnКозметичката улога на ботулинумот е поврзана со исчезнувањето и намалувањето на порите и брчките со директно инјектирање во фацијалните мускули. Третманите со овој токсин првично биле наменети за пациенти со мускулни грчеви, како блефароспазмот (спазам на очните мускули), стрбизам, цервична дистонија. Кај пациенти со фацијални спазми кои биле третирани со ботулинум, било забележано намалување на мускулните грчеви.rnrnЛуѓето на постара возраст не ги сакаат брчките кои се појавуваат со текот на годините, па така со помош на ботулинум, ги намалуваат овие линии на староста. Честопати, заедно со третманите со ботулин се користи и колаген и хијалуронска киселина. Ботулинските терапии се користат и кај луѓе со зголемено локално потење (хиперхидроза), најчесто во пазувите, за намалување главоболки, како и за некои форми на дерматитис.rnrn

Негативни последици од користење третман со ботокс
rnНајчеста негативна појава е главоболката, која се јавува веднаш по нанесувањето. Може да се намали со земање парацетамол. Долготрајните главоболки се ретки. Исто така, можат да се јават лузни како резултат на инјекциите. Ако неправилно се нанесува ботулинот, може да се повреди мускулот на очниот капак и да се предизвика птоза односно затварање на очниот капак. Оваа појава обично трае неколку дена, во ретки случаи е долготрајна.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
