Се ближи Денот на вљубените, а вие немате поим што да им подарите на вашите сакани. Не сакате да трошите премногу пари за подарок што знаете дека нема да им користи, но немате идеја како да ја употребите вашата креативност. Веројатно знаете дека подароците што се направени од срце најмногу ги радуваат луѓето. Па затоа, нема да погрешите доколку ја претворите вашата стара сложувалка во прекрасен љубовен подарок.rnrn
rn
Што ви е потребно:
rn
- rn011
- Стара сложувалка
- Хамер
- Панделка во боја што ќе одговара
- Пиштол со топол лепак
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Упатство за работа:
rn1. Нацртајте поголемо срце на хамерот. Исечете го срцето така што ќе почнете со сечење 0,5 центиметри надвор од линијата. Преклопете го срцето на половина и сечете 0,5 центиметри внатре во линијата. Отворете го срцетоrnrn2. Одберете делчиња од сложувалката во бојата што најмногу ви се допаѓа. Со помош на пиштолот со топол лепак, залепете ги делчињата на хамерот, така што ќе ги редите што е можно поблиску без да се преклопат.rnrn3. Залепете уште еден слој на делчиња од сложувалка за да ги покриете празнините во првиот слој.rnrnНаправете панделка и ставете ја на венецот. Ако сакате да го закачите венецот на нешто, врзете ја панделката на врвот од срцето.rnrnДоколку сакате да го изненадите партнерот на поинаков начин, следниве идеи за креативни состаноци за Денот на вљубените можеби ќе ви помогнат.