Сите имаме слушнато за принцезата Дијана и за нејзината трагична смрт. Принцезата од Велс била родена на 1 јули 1961 година во Сандрингам, Англија. Ако нејзиниот живот не завршеше прерано таа ќе го славеше својот 58-ми роденден. Некои зборови од принцезата и денес се цитираат и на многумина им се драги што не е чудно бидејќи Дијана покрај нејзината положба и слава била многу драга и скромна личност која несебично им давала помош на оние на кои им била најпотребна – на гладните, напуштените и болните.rnrn
rnrnИ покрај нејзината прерана смрт, очигледно е дека зад неа оставила големо позитивно влијание. Прочитајте дел од нејзините најпознати мисли коишто без сомнение ќе ве инспирираат.rn
„Најголем проблем денес во светот е нетолеранцијата. Секој е нетолерантен кон секого.“
rn
„Правете го она што ви го вели срцето.“
rn
„Ништо не ми носи повеќе среќа од обидите да им помогнам на најранливите луѓе во општеството. Таа цел е најважен дел од мојот живот, на некој начин моја судбина. Кој и да е во неволја, може да ме повика. Ќе дојдам трчајќи, каде и да се наоѓа.“
rn
„Правете добри дела без да очекувате награда и бидете сигурни дека еден ден некој ќе го направи истото за вас.“
rn
„Кога си среќен можеш многу да простуваш.“
rn
„Сакам да влезам во собата, без оглед дали е тоа во болница за умирање или болница за болни деца. Сакам да правам, не само да постојам.“
rn
„Најголемата болест овие денови и во ова време се луѓето што не се чувствуваат сакано.“
rn
„Прегратката може да направи многу добрина, особено за децата.“
rn
„Правилата не ми се важни, ме води срцето, а не главата.“
rn
„Многу луѓе ме поддржаа во мојот јавен живот, а јас никогаш нема да ги заборавам.“
rn
„Каде и да видам страдање, сакам да бидам таму за да помогнам колку што можам.“
rn
„Секој треба да биде почитуван.“
rn
„Семејството е најважната работа на светот.“
rn
„Јас допирам до луѓето. Мислам дека тоа е секому потребно.“
rn
„Би сакала да бидам кралица на човечките срца.“
rnПрочитајте ги и овие 15 моќни цитати за животот, љубовта и мирот од Џон Ленон.