КАФЕ ПАУЗА

Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

Кога одиме во ресторан, сакаме да си поминеме убаво и да се почестиме со вкусна, квалитетна и тазе подготвена храна. За жал, честопати не знаеме што се случува во кујните, па така нашата совршена вечера може лесно да се претвори во голема катастрофа. Познатите готвачи откриваат кои јадења не треба да ги нарачувате кога сте во ресторан…rnrnПознатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторанrn

1. Добро зготвен стек

rnПознатиот готвач Ентони Бордејн од Америка открива дека работниците во рестораните имаат две опции кога ќе налетаат на стврднато парче месо кое изгледа како да му поминал рокот: Да го фрлат или да го послужат како добро зготвен стек!rnrnПознатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторанrn

2. Суши од лосос

rnИмаме лоши вести за љубителите на суши од лосос. Готвачот Хенк Скремптон смета дека треба да го одбегнувате сушито ако е направено од свежи парчиња лосос. Тоа е така затоа што ваквите јадења претставуваат одлична средина за развој на паразити. Но, нема потреба од преголема паника: Процесите на замрзнување риба со сигурност ги убиваат штетните микроорганизми. Готвачот открива дека речиси сите видови риба што се користат за правење суши поминуваат низ такви процеси, а тоа е добро. Сепак, ако се двоумите, најдобро е да го прашате келнерот дали лососот во јадењето е свеж или замрзнат.rnrnПознатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторанrn

3. Вегетаријански јадења

rnГотвачите од Америка пополниле анонимен прашалник спроведен од страна на Food Network Magazine и 15% од испитаниците признале дека вегетаријанските јадења во рестораните не ги содржат сите состојки што се наведени во менито. Ако сте пребирливи вегетаријанци и постојано ги потсетувате вработените во ресторанот на вашите принципи, најдобро би било да внимавате. Некои готвачи можеби ќе се обидат да ви се одмаздат со тоа што ќе додадат неколку парчиња туна или сланина во вашата салата. Експертот за готвење Ентони Бордејн признал дека вегетаријанците и веганите се многу напорни за секој готвач.rnrnПознатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторанrnrnПродолжете на следната страница за да дознаете кои се останатите јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан…rnrn