КАФЕ ПАУЗА

Лажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежи

Светот на стилизирањето на косата од сезона во сезона ни нуди нови варијанти на обликување и освежување на фризурата, а оваа пролет главен тренд е панк рок фризурата! После скриените тетоважи во косата, во светот на познатите, но и кај „обичните смртници“ започна да владее трендот кој ќе ја разбуди бунтовничката во вас. Станува збор за лажен андеркат (faux undercut).rnrnЛажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежиrnrnНајнапред да дефинираме што е андеркат. Станува збор за бричење на косата, најчесто од едната страна, околу увото, кое беше актуелно пред неколку сезони. Се сеќавате на Ријана во спотот за песната „Stay“?rnrn2-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_rnrnНовиот тренд го оживеа овој начин на стилизирање на косата, но во помалку драстичен вид. Жените ширум светот ја обликуваат косата на тој начин што делува како да е избричена од страната, а всушност не е. Косата околу увото е вешто затегната наназад, па токму затоа и дава таква илузија. Неодамна и Клои Кардашијан ја покажа својата верзија на овој тренд.rnrn(2) Лажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежиrnrnКако што можете да забележите од фотографијата, таа ја затегнала косата зад десното уво и ја фиксирала со гел во боја, па од далеку делува како тој дел да е избричен. Патецот е наместен длабоко на страната, а остатокот од слободната коса е богат со волумен и брановиден слој кој прави контраст на лажниот андеркат.rnrnСекако, таа не е единствената која ја испроба оваа фризура. Можевме да ја видиме на повеќе познати дами во различни ситуации и различни варијанти.rnrn4-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_rnrnОва не е единствената варијанта да добиете ефект на лажно бричење, а познатите дами и тоа ни го докажаа. Друг подеднакво практичен и ефективен начин е косата над едното уво да се исплети во цврста, француска или холандска плетенка.rnrn5-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_rnrnВаквото стилизирање на косата дава панк рок нота, но исто така може да делува и доста елегантно, а тоа зависи од вашето умеење за вклопување и комбинирање. Ако ве интересира како да ја постигнете вистинската варијанта на овој изглед, ви даваме и корисно фото упатство.rnrn6-noviot-trend-na-stiliziranje-na-kosata-go-osvojuva-svetot-lazhen-undercut-www.kafepauza.mk_(6) Лажен андеркат: Нова фризура која ги освои социјалните мрежи