Во едно место, каде што сите живееле во потполн мрак, постоело едно петчлено семејство: таткото Марк, мајката Џени и нивните три деца Јан, Џули и Норм. Норм бил најмладиот, па сѐ што ќе направел било незрело.rnrn
rnrnЕдно саботно „попладне“, Норм ги прашал своите родители:rnrn– Мамо, тато, зошто не направиме некое „сонце“ што ќе ги осветлува нашите ноќи? rnrn– Ох Норм, тоа се будалаштини! Како би го направиле тоа сонце? Премногу си мал за да разбереш, но тоа е невозможно, му одговорила мајка му.rnrnНорм си легнал таа вечер, но не можел да заспие. Тој решил да тргне да бара некаков одговор за неговото прашање. Се спакувал и тргнал на своето патување.rnrnВо првите минути кога тргнал, наишла една старица и му рекла:rnrn– Каде одиш младо момче? Доцна е, не смееш да бидеш надвор. rnrnНорм ја погледнал и ѝ одговорил:rnrn– Одам да најдам светилка, која ќе ни ги раздени темните ноќи.rnrnСтарицата го погледнала чудно и му рекла со висок тон:rnrn– Момче! Не постои такво нешто! Врати се дома додека не си наишол на некоја неволја!rnrnНорм, пак, малку замислен, со мал сомнеж во своето уверување, ја одминал старицата и продолжил на своето патување.rnrnВо текот на ова патување, Норм сретнал многу истомисленици на старицата и на своите родители. Му биле потребни денови, месеци, години за еден ден, веќе изнемоштен, да сретне еден мудрец, кој му рекол:rnrn– Момче, те гледам дека си уморен, дали сакаш да ми кажеш што бараш? rnrnНорм веќе имал спремен говор дека оди да ја најде светилката и бил уверен дека и овој човек ќе го гледа со неверување. Но напротив, мудрецот го поканил во својот дом, на топол чај, вечера и кревет за преспивање. Момчето зачудено, решило да појде кај мудрецот. Тој веќе бил уморен од потрагата и сакал да се откаже. Но, кога пристигнале во куќата на мудрецот, Норм забележал некоја необична силна светлина и бил воодушевен, но истовремено и збунет. Тогаш мудрецот му рекол:rnrn– Никој не успеал да стигне дотука. Ти си тој што ќе ја пренесе оваа светлина секаде каде што владее мрак! rnrnМомчето било пресреќно што конечно успеало да пронајде светлина. Тој следниот ден станал, ја зел светилката и почнал да ја пренесува до секоја куќа и фамилија.rnrnНаравоучение: Колку и да мислиме дека сме мали, дека сме несозреани, неспособни, секогаш треба да веруваме во самите себе, дека ќе успееме во тоа што го сакаме. Таа „светилка“ е во секој од нас, можеби ќе требаат денови, месеци, години за да ја пронајдеме, но едно нешто што не треба да го правиме е да се откажеме. Само вербата во себеси ќе нѐ одведе до остварувањето на своите цели.rn
Испратила: Маја Ѓорѓиевска