Еден човек се качил во такси за да оди на аеродром. Додека се возеле, еден голем луксузен автомобил ненадејно се вклучил во нивната лента, а таксистот силно закочил, гумите зачкрипиле и само за малку избегнал сообраќајка.
Возачот на другиот автомобил почнал да вика по таксистот и да му се заканува. На ова тој само се насмевнал и му одмавнал со раката. Делувал многу пријателски настроен и покрај грубото однесување на другиот возач. Патникот го прашал зошто постапил така, кога за малку ќе ги убиел. На тоа таксистот му одговорил преку „правилото на камионот за собирање ѓубре“:rnrn
„Многу луѓе се како камиони за собирање ѓубре. Ќе ги видиш наоколу полни со ѓубре, со фрустрации, со гнев и со огорченост. Кога нивното ѓубре ќе се натрупа тие бараат место каде да го истурат, а тој несреќник може да бидеш и ти. Не земај ги здраво за готово, само мавни им, насмеј се и продолжи понатаму. Не земај го нивното ѓубре за да го шириш дома, меѓу колегите или на улица.“

