Поучна приказна: Дали навистина можете да напуштите некого?

Сподели

Еднаш двајца јапонски свештеници патувале по еден каллив пат. Надвор сè уште врнело. По патот сретнале убава девојка, облечена во свилено кимоно и појас која не можела да го премине крстопатот.

Реклама

„Дојди девојко!“ – рекол едниот. Ја подигнал девојката и ја пренел преку калта. Сè до вечерта, кога конечно стигнале во храмот, вториот свештеник не изустил ниту збор. Но тогаш веќе не можел да се воздржува па рекол „Ние свештениците не им се доближуваме на девојките, особено ако се млади и убави. Тоа е опасно! Зошто го стори тоа?“

А пак, првиот му одговорил „Јас девојката ја оставив таму, ти сè уште ли ја носиш?“

Најново

Може ќе ве интересира