Психологијата конечно почна да се занимава со важни нешта како што е флертувањето. Истражувачите од Универзитетот во Канзас интервјуирале многу луѓе за нивниот стил на флертување, како и за нивните досегашни врски и на тој начин успеале да решат некои од мистериите за љубовните состаноци.rnrn
rnrnИдентификувани се пет главни стилови на флертување, кои истовремено се поврзуваат со одредени видови врски кои произлегуваат од нив. Изненадувачки, истражувањето ни покажува дека нема разлика меѓу жените и мажите кои применуваат ист стил на флертување. Исходот е секогаш ист.rn
1. Физичко флертување
rnОвие флертувачи не се плашат да покажат дека се сексуално заинтересирани за нивната цел. Тие храбро влегуваат во врска и имаат силна емоционална поврзаност и сексуална хемија.rn
2. Традиционално флертување
rnОвој тип флертувачи се држат до традиционалните вредности. Тие сметаат дека мажот треба да ѝ пристапи на жената, па затоа и вообичаено сакаат да ја запознаат пред да се обидат да ја освојат. Жените од овој тип велат дека е тешко да ги натераат мажите да ги забележат и често не се задоволни од флертувањето, веројатно затоа што според нивните стандарди тие воопшто не би ни требало да го прават тоа.rn
3. Учтиво флертување
rnТие ги следат сите правила на несексуалното флертување. Понекогаш премногу бавно им пристапуваат на луѓето за кои се заинтересирани, но штом еднаш влезат во врска, таа врска е значајна и цврста.rn
4. Искрено флертување
rnТие сакаат да знаат како навистина се чувствувате, па затоа и искрено се интересираат кои сте вие и што сакате, за да воспостават емоционална поврзаност. Овој тип флертување повеќе го преферираат жените, а врските кои произлегуваат од него се длабоки и исполнети со емоции.rn
5. Палаво флертување
rnВеројатноста дека врската која ќе произлезе од ваквото флертување ќе биде значајна и цврста е многу мала. Овие флертувачи уживаат во овој тип флертување како начин за зголемување на сопствената самодоверба.