Луѓето постојано велат дека не можат да си го исклучат мозокот и дека постојано си ги комплицираат проблемите. Нашите умови се алатки за помнење и резонирање, но доколку не ги контролирате, тие само ќе работат без да даваат продуктивни резултати. Не смеете да им се лутите на вашите умови поради тоа што си ја вршат работата, но можете да преземете мерки кои ќе ви помогнат да станете продуктивни и среќни. Прочитајте ги следниве цитати кои ќе ви помогнат да го осознаете значењето на вашето психичко здравје…rnrn
rn
„Мирниот ум може да ја чуе интуицијата и покрај стравот.“
rnНашиот ум е дом на многу гласови. Доколку не се обидете да го искористите сиот ваш капацитет, може да изгубите некои од тие гласови.rn
„Опуштете се. Не дозволувајте минатото да ви ја уништи сегашноста.“
rnМинатото е непроменливо, но вашите спомени постојано се менуваат во зависност од расположението и моменталната перспектива. Токму затоа, обидете се да живеете во сегашноста и не се оптоварувајте со моменталната верзија на минатото.rn
„Не можете сѐ да контролирате, немојте дури ни да се обидувате. Ценете, наместо да манипулирате.“
rnМожете да го контролирате само она што се случува во вашиот ум. Може да влијаете на светот околу вас, но никогаш нема да можете во целост да го контролирате.rn
„Претераното размислување не води до среќата.“
rnНе можете сами да ја измислите среќата. Среќата е чувство што не може да се рационализира. Кога ќе се посветите на сегашниот момент, ќе добиете среќа од самото искуство.rnrn
rn
„Непродуктивните мисли се како затворски решетки на умот. Не трошете енергија залудно и го затворајте вашиот потенцијал.“
rnНие сме бесконечни битија, способни за неверојатни подвизи и достигнувања. Единствените пречки што ви стојат на патот се вашите сопствени ограничувања и ограничувањата што дозволувате другите луѓе да ви ги наметнат. Луѓето се ограничуваат за да се заштитат од можниот неуспех и непријатност. Ослободете се од вашите стравови и очекувања. Следете го вашето срце и ќе можете да остварите сѐ што ќе посакате.rn
„Грижењето е како седење на лулашка. Иако се движите, тоа не ве носи никаде.“
rnМожеби мислите дека критичкото размислување е многу важно за успехот и развојот на еден човек, но тоа не е вистина. Корисно е да планирате и да ги разгледувате вашите можности, но постои тенка линија помеѓу свеста и грижењето. За да го ограничите влијанието на грижите и негативните мисли, осознајте ги вашите стравови и желби, прифатете ги и ослободете се од нив.rn
„Забавете. Не зборувајте пред да сослушате. Размислете пред да реагирате. Опростете пред да осудите. Обидете се пред да се откажете!“
rnРазликата помеѓу претераното размислување и свесното размислување е иста како онаа помеѓу квантитетот и квалитетот. Забавете малку, дишете и дејствувајте. Откако ќе направите нешто, нема да можете да го избришете тоа.rn
„Вашите мисли може да станат вашите најголеми проблеми во животот.“
rnПретераното размислување одзема енергија. Тоа создава непотребни чувства на страв, несигурност, ароганција и депресија. Ако не живеете свесно, може да создадете проблеми таму каде што ги нема и да ги влошите постоечките проблеми.rn
„Не се вознемирувајте поради работите што би можеле да тргнат наопаку. Бидете возбудени поради работите што би можеле да тргнат како што треба.“
rnИднината е мистерија. Постојано се плашиме од непознатото. Но, со оглед на тоа што не можеме да знаеме што ќе ни се случи, зошто да не се фокусираме на позитивните работи?!rnrnДоколку сакате да дознаете нешто повеќе за вашиот ум, прочитајте каква е поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје.