Според најновите истражувања, повеќе од половина од жените признаваат дека доколку на совозачкото седиште седи нивниот партнер, тие стануваат нервозни и вознемирени. За разлика од нив, кај мажите секој десетти се изјаснил дека вози многу повнимателно кога партнерката е во возилото.
Истражувањето исто така открило дека само 9% од мажите одбиваат да им го позајмат својот автомобил на партнерките. Од овој процент, петина од мажите сметаат дека возачките способности на партнерката не се доволно добри како неговите, 26% велат дека колата е премоќна за да ја вози партнерката, а 16% сметаат дека нивната партнерка не е доволно самоуверена кога станува збор за возење.rnrnИ покрај големата самоувереност на мажите во нивното возење, сепак жените повторно се критични. Тринаесет проценти од жените мислат дека нивниот партнер е премногу самоуверен кога вози, а секоја десетта смета дека тие возат пребрзо и невнимателно.rnrnКолку за споредба, 17% од мажите сметаат дека се подобри шофери од жените, а дополнителни 16% сметаат дека жените не се доволно компетентни за да го паркираат возилото.
Мажите и жените се сложуваат само дека мажите најчесто ја имаат улогата на возач во заедницата. Тие најчесто се зад воланот за време на подолги патувања, на автопати и стари патишта. Исто така тие најчесто возат кога временските услови не се поволни.rnrnЖените од друга страна, најчесто возат кога станува збор за префрлање на децата до училиште, на спортување, за пазарење и слично.rnrnПовеќе од една третина од жените велат дека им е подобро да останат трезни и да возат после вечерно излегување, а со нив само една четвртина од мажите го споделува истото мислење.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
