КАФЕ ПАУЗА

11 начини да го намалите загадувањето на водата

Кога сите луѓе би внимавале на животната средина и водените површини, сигурно загадувањето би било на значително пониско ниво. Доволно е секој од нас да направи мала промена за заеднички да го намалиме загадувањето и да живееме во поздрава средина. Погледнете ги овие 11 начини на кои можете да го сторите тоа.rnrn11 начини да го намалите загадувањето на водатаrn

1. Намалете ја употребата на пластика

rnПознато е дека пластиката многу тешко се разградува. Најголем дел од пластиката која ја користите секојдневно, завршува во реките или езерата, од каде што уште потешко може да биде исчистена. Доколку е возможно, се препорачува да се намали употребата на пластични предмети и со тоа значително да ѝ помогнете на животната средина.rn

2. Рециклирајте

rnСекогаш избирајте амбалажи што лесно можете да ги рециклирате. На пример, стаклените шишиња се подобри за користење отколку пластичните.rn

3. Не истурајте масло во мијалникот

rnИако нема потреба да ја намалите употребата на какви било масла во секојдневниот живот, важно е истите да не ги истурате во одводот. Секоја вишок или неупотребена количина масло, подобро е да ја ставите во шише и да ја фрлите во кантата за отпадоци.rn

4. Хемикалии за чистење

rnСлично на маслото, така и хемикалиите за чистење на домаќинството се ризични кога ќе завршат во водата.rnrn11 начини да го намалите загадувањето на водатаrn

5. Не фрлајте лекови

rnНикогаш не фрлајте ги лековите во канализацијата. Дури и ако имате цело пакување што веќе не ви е потребно, се препорачува истото да го фрлите во ѓубре.rn

6. Не користете пестициди

rnПестицидите и хербицидите се во голема мера штетни за животната околина. Преку земјата и дождовите, овие хемикалии го наоѓаат својот пат до подземните води, а подоцна и до реките или езерата.rn

7. Редовно одржувајте ги вашите автомобили

rnКамионите, автомобилите и другите превозни средства се едни од најголемите загадувачи на воздухот. Со нивното редовно одржување, драстично можете да го намалите процентот на загадување на животната средина, а загадувањето на воздухот директно е поврзано со загадувањето на водените површини.rn

8. Подруми и јами

rnАко имате одводи кои се поврзани со вашиот подрум или јама, никако не смеете директно да ги поврзете со канализацијата. Тие може да предизвикаат сериозна штета и загадување на целиот систем.rn

9. Не фрлајте ѓубре

rnКога престојувате во област во чијашто близина се наоѓаат реки, езера, мориња или океани, околу нив не треба да фрлате никакво ѓубре. Дури и амбалажата фрлена на плажата, по одредено време може да стигне до водата и да ја загади. Затоа, добро би било да организирате акција за чистење на крајбрежните области и да ја подигнете свеста на заедницата за тоа колку е штетно загадувањето на животната средина.rnrn11 начини да го намалите загадувањето на водатаrn

10. Посадете растенија во близина на реките или езерата

rnДоколку живеете во близина на некоја река или езеро, пожелно е тој простор да го збогатите со фауна. Дрвјата се многу корисни за намалување на загаденоста, а со тоа се регулира и нивото на јаглерод диоксид во водата.rn

11. Спречете го истекувањето на отровни хемикалии во водата

rnБез разлика дали станува збор за фабрики или физички лица, важно е да го запрете истекувањето на штетни хемикалии во водата, затоа што штетата што тие ја предизвикуваат може да биде огромна.