КАФЕ ПАУЗА

Плажа која изгледа како огромно капучино

Плажа која изгледа како огромно капучино

Пиејќи го вашето омилено кафе, можете да ги гледате прекрасните фотографии од овој навистина необичен феномен. Сигурно се прашувате за каква плажа со изглед на капучино станува збор? Плажа каде се служат бесплатни капучино кафиња? Или пак можеби плажа декорирана во бојата на капучиното? Сепак, не станува збор за никаква човечка креација. Овојпат природата си поиграла со океанските бранови и создала неверојатна, а воедно и прекрасна „капучино“ плажа.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСе работи за исклучително несекојдневен феномен што неодамна повторно ги изненади жителите на Кејптаун во Јужна Африка. Во предградието, брановите од океанот во еден момент изгледале како пена од кафе, а самиот океан наликувал на голема шолја капучино. Оваа ретка и необична појава е позната уште како „морска пена“ или дури „плажарска пена“.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСпоред експертите, извонредните кафе-меурчиња настанале како резултат на распаѓањето и разградувањето на морските алги, мртвите риби и планктоните (ситни организми) кои лебдат на површината на водата. Моќните водни струи биле причина за формирањето на малите меурчиња, кои заедно го предизвикале овој навистина редок феномен.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТие објаснуваат дека кога брзината на ветрот е поголема од шест метри во секунда, тогаш енергијата пренесена од ветерот во водата е пропорционално повисока и силата позната како „површински напон на водата“, не е доволна да ги држи заедно молекулите на површината. Тогаш, водата се „крши“ на мали капки и се формира бела пена што наликува на пена од кафе.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТаканаречената „капучино“ бура, ја изненадила Африка и во 2008 година, за потоа после четири години да се појави повторно. Погледнете и снимка од оваа несекојдневна појава.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.