КАФЕ ПАУЗА

Писмо од една мајка кое ќе ве допре во срцето: Сине, ти нема да се сеќаваш…

Џесика Димас, позната писателка, напишала едно трогателно писмо до нејзиниот син, од кое на секоја мајка ќе ѝ се насолзат очите. Го пренесуваме во целост.rnrnpismo-od-edna-majka-koe-kje-ve-dopre-vo-srceto-sine-ti-nema-da-se-sekjavash-kafepauza.mkrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„Драг сине,rnrnТи нема да се сеќаваш на онаа ноќ кога лежев сама во болницата, во најстрашните и истовремено најубавите болки, кога гледав во месечината и тивко ти шепнав тебе и себеси: ‘Можеме да го направиме ова!’rnrnТи нема да се сеќаваш како ме погледна само неколку секунди откако дојде на овој свет, како ни на моментот додека те припивав кон своите гради и на уво ти шепнав ‘Еј злато’.rnrnНема да се сеќаваш на моментот, кога како со магично стапче, го излечи мојот скршен дух, ми го исцели срцето и во целост го исполни мојот живот. Бев премногу скршена пред да се родиш, а ти повторно ме состави.rnrnНема да се сеќаваш како секогаш те гледав со гордост, каде и да одиме. Секогаш беше најубавото момче во просторијата. Секогаш и секаде.rnrnНема да се сеќаваш како твоите глупости секогаш ме засмеваа, но уште додека беше бебе сфатив дека имаш прекрасно срце.rnrnНема да се сеќаваш како те чешлав и ти ја тргав косата од челото и твојот поглед во тие моменти. Без ниеден збор, нашите души се допираа и го кажуваа она што сите зборови на овој свет ни би можеле да го кажат.rnrnНема да се сеќаваш ни на бескрајната игра со скокоткање која најмногу ја сакавме, ни тоа дека секогаш мамев само за да те задржам што поблизу до себе и да го прекривам твоето лице со бакнежи.rnrnНема да се сеќаваш на сите оние ноќи кога одев на спиење во страв. Страв од мајчинството. Дали сум доволно добра?Дали веќе имам оплескано безброј пати? Можам ли воопшто да бидам мајка каква што заслужуваш?rnrnНема да се сеќаваш како моето срце секогаш се распаѓаше и составуваше со секоја твоја важна пресвртница во развојот. Гледајќи како песокот тече низ песочниот часовник, бев среќна кога видов дека растеш и се развиваш.rnrnНема да се сеќаваш како ги држев твоите мали стапалца во раце и замислував дека еден ден ќе пораснат и ќе станат поголеми од моите и дека ќе морам да ги пуштам да одат.rnrnТи нема да се сеќаваш, но јас да.rnrnЌе ги чувам тие спомени во срцето доволно силно за обајцата!“rn[/message_box]