Сите сакаме да веруваме дека објектите со храна и пијалаци во кои често го минуваме времето се чисти. Но никогаш не можеме да бидеме сигурни дека сè што консумираме таму е без бактерии. Ова не значи дека треба да се откажете од јадењето и пиењето надвор, туку добро е да знаете кои се пијалаците кои не би требало да ги порачувате, со цел да го избегнете ризичниот контакт со бактериите.rnrn
rnrnЕдно истражување покажало дека пијалакот кој сите најчесто го порачуваме, всушност крие најмногу бактерии. Станува збор за чаша вода или газиран сок со парче лимон.rnrnИстражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70%, односно 53 од парчињата биле заразени со бактерии. Иако истражувањето е навистина мало, и самите можете да забележите дека парчето лимон е однапред исечено. Овие парчиња овошје се чуваат во пластични садови на собна температура, што е одлична средина за развој на бактерии.rnrnИстражувањето не го открило изворот на овие бактерии, но резултатите покажале дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалаци.rnrnПогледнете и кои се бактериите и вирусите што можете да ги „закачите“ од тоалетите.
Пијалаци кои е најдобро да не ги порачувате кога сте излезени
