Најновите истражувања докажале дека пиењето вино има подобар ефект на мозокот од решавањето математички задачи! Секако дека ако претерате нема да можете да функционирате, но чаша црвено или бело вино може значително да ја подобри работата на мозокот.rnrn
rnrnГордон Шепард, професор на медицинскиот факултет при универзитетот Јејл, тврди дека пиењето вино буди реакција во деловите од мозокот кои се заслужни за емоционалните и сетилните реакции. Неговото истражување било фокусирано на дегустацијата на вината и Шепард верува дека не треба да го плукате виното, ако навистина сакате да го почувствувате неговиот вкус.rnrnТој потенцира дека пиењето на виното е најважниот дел од одредувањето на неговиот квалитет. Тој дури и го вовел терминот „неврогастрономија“ за да опише како мозокот ја создава неговата сопствена перцепција на вкусот.rnrnНаводно, вкусот е само илузија создадена од страна на сетилата и емоциите што нѐ опкружуваат кога ја вкусуваме храната.rn
„Вкусот не е во виното. Мозокот на дегустаторот е оној што го создава вкусот“, објаснил Шепард.
rnСпоред него, протокот на виното во устата и воздухот што се вдишува преку носот, а мириса на алкохол, му помагаат на мозокот да го дефинира вкусот. Мозокот се активира кога ќе го издишеме воздухот со мирис на вино. Резултатите од истражувањата му помогнале да заклучи дека пиењето вино го активира мозокот повеќе од решавањето математичка задача или слушањето музика.rn
„Молекулите на виното немаат вкус, но кога ни го стимулираат мозокот, тој создава вкус на сличен начин како што создава бои“, изјавил Шепард.
rnШепард верува дека мозокот ги толкува вкусовите на сличен начин како што ги препознава боите. За да создаде слика од бои, мозокот користи информации што ги прима од очите во врска со тоа како светлината се одбива од предметите околу нас. Тој тврди дека нашите емоции кон чашата вино му даваат информации на мозокот. Вкусот на виното може да биде под влијание на нашиот пол, раса, плунка, возраст, но и на емоциите што ги имаме за себе и за луѓето околу нас.rnrnДоколку не сте љубители на виното или не сакате да пробувате различни вински сорти, време е да ги земете предвид придобивките од виното за вашиот мозок. Можеби треба да вметнете дополнителни чашки вино во вашето секојдневие, но секако, без претерување!rnrnПрочитајте ги и овие неколку причини зошто виното го подобрува вашето здравје.