Велат дека кога ќе го запознаете вистинскиот, едноставно ќе знаете. Некако, необјасниво, вие треба да запознаете некој и магично да почувствувате дека тој е мажот со кој ќе го поминете остатокот од вашиот живот. Реално, да беше толку лесно сите ќе беа веќе во брак, се согласувате?rnrn
rnrnПонекогаш работите можат да бидат многу комплицирани и без разлика на вашиот труд вие воопшто да не сте сигурни дали момчето покрај вас е оној вистинскиот, оној кој ќе остане засекогаш со вас. Токму затоа погледнете ги овие клучни разлики помеѓу оној кој е само привремено во вашиот живот и оној кој со сигурност планира да остане малку подолго покрај вас…rn
1. „Засега“ се опијанува со вас; „Засекогаш“ ве носи дома кога сте пијани
rnОној кој ќе остане засекогаш покрај вас треба да ве види и во вашето најлошо светло, додека пак оној кој е тука само денес нема да се потруди да ви помогне ни со мамурлакот.rn
2. „Засега“ никогаш не ви дозволува да се чувствувате целосно опуштено покрај него; „Засекогаш“ ви дозволува да бидете 100% вие
rnОној кој е вистински за вас никогаш нема да прави да се чувствувате лошо поради некоја ваша маана бидејќи тој ќе ве сака онакви какви што навистина сте. Но, покрај оној кој е тука само привремено вие никогаш нема да можете целосно да се опуштите.rn
3. „Засега“ не ги знае ни вашите размислувања; „Засекогаш“ ги поддржува вашите соништа
rnОној кој планира да биде со вас засекогаш ве цени и почитува поради вашите разлики и вредности, за разлика од оној кој воопшто не ве ни прашува како се чувствувате подлабоко во вас.rn
4. „Засега“ ве изнесува на состаноци надвор; „Засекогаш“ сака кога останувате дома
rnОној кој ќе биде вашиот „Засекогаш“ ќе се чувствува одлично покрај вас дури и ако само седите на каучот и не правите ништо. Од друга страна пак, оној кој е покрај вас само привремено нема да знае како да се однесува доколку не сте во јавност, опкружени со луѓе.rn
5. „Засега“ сака само да ве однесе во кревет; „Засекогаш“ сака да има деца со вас
rnОној кој планира да остане покрај вас, веќе ве замислува како идна мајка на неговите деца, за разлика од оној кој е само моментално покрај вас и кој размислува само за секс.rn
6. „Засега“ ви пишува пораки за добра ноќ; „Засекогаш“ ви се јавува да ви каже добро утро
rnМажот кој сака да биде во вашиот живот засекогаш е оној кој се јавува со цел да ви го слушне гласот. Оној кој не се грижи многу за вас едвај ќе се натера да ви пише една порака.rn
7. „Засега“ прави планови за вечерта; „Засекогаш“ прави планови за останатиот дел од вашиот живот
rnВашиот иден сопруг веќе знае што да очекува од вашата врска во наредните неколку години, за разлика од вашето привремено момче кое не знае каде ќе излезете ни наредниот викенд.rn
8. „Засега“ е заменлив; „Засекогаш“ е незаменлив
rnКога ќе го најдете оној со кој би сакале да го поминете остатокот од вашиот живот, вие ќе го знаете тоа длабоко во себе. Од сите ваши момчиња, вие за него отсекогаш сте се чувствувале малку поразлично.rn
9. „Засега“ ви се допаѓа; „Засекогаш“ е вашата љубов
rnОној кој го сакате со целото ваше срце и душа е и оној кој знаете дека ќе остане покрај вас засекогаш. Сите чувства кои претходно сте ги доживеале за другите момчиња не можат воопшто ни да се споредат со она што го чувствувате за вашиот „Засекогаш“.rn
10. „Засега“ не се познава доволно; „Засекогаш“ покрај вас постојано учи нешто ново за себе
rnОној кој ќе биде ваш сопруг знае многу нешта за себе, но покрај вас тој ќе научи уште толку. Сите оние други со кои сте биле во врска не знаеле што сакаат, а уште помалку ви дозволувале да го откријат тоа покрај вас.rn
11. „Засега“ е тука само за викендите; „Засекогаш“ е тука секојдневно
rnВашиот иден сопруг не е оној тип на маж кој планира само да се забавува со вас бидејќи тој е презафатен градејќи ја вашата заедничка иднина. Сите останати размислуваат за вас од викенд на викенд и не ги интересира што се случува помеѓу овие денови.rn
12. „Засега“ ви е забавен само откако ќе испиете неколку пијачки; „Засекогаш“ ви е забавен и кога сте целосно трезни
rnВие не треба да бидете пијани со цел да чувствувате привлечност кон мажот на вашите соништа. Од друга страна пак, за сите оние моментални партнери ви биле потребни неколку пијачки со цел да можете да се справите со нив.rn
13. „Засега“ не ви одговара целосно; „Засекогаш“ е вашиот совршен партнер
rnНе постои ништо што би сакале да го промените кај оној кој ќе биде во вашиот живот засекогаш. Сите оние други момчиња со кои сте биле врска имале нешта кои вие едноставно никогаш не би можеле да ги трпите.rn
14. „Засега“ ја држи вашата рака; „Засекогаш“ го држи вашето срце
rnОној кој е вистински за вас е личноста на која ќе ѝ го дадете целото ваше срце, за разлика од оној кој е само моментално покрај вас и на кој му верувате едвај и со вашата рака.rn
15. „Засега“ значи дека барате нешто подобро; „Засекогаш“ значи дека веќе сте го нашле
rnМожете слободно да престанете со потрагата кога ќе налетате на вашиот „Засекогаш“. Вие претходно постојано сте барале нешто подобро, но сега откако тој е покрај вас вие можете конечно да бидете мирни.