rn
11. Атмосферата околу Сонцето е пожешка отколку самото Сонце
rnАтмосферата на Сонцето, или короната, е околу 600 пати пожешка од површината на Сонцето. Сè уште се истражува зошто е тоа така.rn
12. Може да „врнат“ животни
rnЗвучи неверојатно, но животните всушност можат да паѓаат од небото. Водечката теорија која го поддржува ова тврдење вели дека животните можат да се вовлечат од циклони и да се исфрлат на друго место. Оваа слика покажува риби кои паѓаат од небото, што се има случено во Сингапур во 1861 година.rn
13. Земјата ја дели орбитата
rnОбјект по име 2010 ТК7 ја следи Земјата на нејзиниот пат околу Сонцето по истата орбитална патека. Овој објект е познат како „тројанец“ и колку што е познато е единствениот кој кружи околу Сонцето заедно со Земјата. Не е месечина, затоа што месечината би орбитирала околу планетата, не околу сонцето.rn
14. Постои езеро кое постојано привлекува громови
rnЕзерото Маракаибо во Венецуела постојано привлекува громови. Не се знае зошто, но изгледа дека воздушните струи во комбинација со локалната топографија влијаат на оваа необична состојба.rn
15. Постои објект во нашиот сончев систем кој изгледа вака
rnОваа издолжена џуџе-планета, овде прикажана во три состојби, е наречена Хаумеа и го добива овој облик поради тоа што многу бргу се врти. Овие брзи вртења предизвикуваат таа постојано да се изобличува.rn
16. Коалите се чудни
rnМашката коала има два пениси, а женската три вагини. Никогаш не се знае колку полови органи може да ти затребаат, нели!? :)rn
17. Русија е поголема од Плутон
rnПовршината на Русија изнесува 17.093.934километри квадратни, додека површината на Плутон изнесува само 16.575.936 километри квадратни.rn
18. Јастозите живеат долго
rnЈастозите умираат од исцрпеност за време на обновувањето на надворешната обвивка, ако се изедени или повредени. Тие можат да живеат до 70 години без да покажат знаци на старост и навидум можат така засекогаш доколку не се соочат со некој од овие три фактори.rn
19. Моќта на молњата може да се спореди со енергијата потребна за подготовка на тост
rnЕден гром молња има доволно моќ за да испече 100.000 парчиња леб.rn
20. За малку ќе постоела втора Земја
rnГлизе 581ц некое време се сметала за „втора Земја“, но новите истражувања покажале дека не би била погодна за живот за луѓето.

