Едно утро Џинџер се разбудила од зуењето на домофонот од влезната врата на зградата во која живее. „Првите две зуења ги игнорирав со надеж дека ќе си заминат, но третиот пат станав“, објаснува таа. Ѝ отворила на личноста за да влезе и по кратко време се појавил постар човек на нејзината врата.rnrn
rnrn„Дали сте вие Карен?“ – прашал тој.rnrnТаа му рекла дека не е, дека тоа е мајка ѝ. Тој се насмеал и ѝ подал едно необележано писмо. Потоа само си заминал.rnrnОткако го отворила писмото, толку се шокирала што морала да седне на подот.rnrn
rnrnОва е целосниот текст од писмото.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnВе молиме прифатете го овој подарок како акт на добрина.rnrnПочитуван член на нашето семејство посвети многу време и средства за да помага на други луѓе преку „Random Acts Of Kindness“ (Случаен акт на добрина). Таа им даде на другите на многу начини, и секогаш го правеше тоа анонимно. Еден начин на кој нашето семејство одлучи да ѝ оддаде почит е да ја продолжи традицијата на помагање на другите во заедницата преку случајни добри дела.rnrnСлучајниот акт на добрина не мора да подразбира давање пари. Може да биде и само поминување време со некого, слушање додека некој зборува или давање комплимент. Најважно е делото да биде спонтано и направено без очекувања дека треба да се добие нешто за возврат.rnrnИако не ве познаваме лично, другите членови на нашата заедница ве идентификуваа вас како заслужен примател на овој дар. Ве молиме употребете ги парите како што ви одговара, дали за да си олесните некои финансиски потешкотии или да си дозволите нешто посебно за себе.rnrnНе бараме ништо за возврат, само се надеваме дека ќе бидете охрабрени да размислите на начините на кои вие можете да направите позитивна промена кај некој друг, како и мотивирани да ја прифатите оваа идеја, и да ја продолжите традицијата.rnrn[/message_box]rnrnОткако го добила писмото, Џинџер објаснува „И се јавив на мајка ми и ѝ кажав да седне, па ѝ го прочитав писмото… почна инстантно да вриска.“rnrnПарите не можеле да пристигнат во подобар момент.rn
„Мајка ми се бореше со оваријален рак веќе 3 години. Тоа беше долго и тешко патување, ментално, физички и финансиски. Како и да е, ова помага многу повеќе одошто дарувачот може да претпостави. Овие пари го намалија стресот и на мајка ми ѝ дадоа надеж и причина да се смее.“
rnЏинџер и мајка ѝ се длабоко благодарни.rn
„Благодариме со цело срце и особено што одржувате една ваква прекрасна традиција“, пишува Џинџер.
rnДо овој ден ниту Џинџер ниту мајка ѝ немаат идеја кој бил нивниот добродетел.