Новата недела носи нови почетоци и нови можности да привлечеме уште повеќе добри работи во нашите животи.rnrn
rn
Овен: Љубезност кон себе
rnПоради вашата натпреварувачка природа, понекогаш толку многу брзате кон вашите цели при што заборавате да одморите. Подарете си малку љубов и нежност оваа недела.rn
Бик: Доверба
rnВо последно време многу се сомневате во себе, поради што потклекнавте пред очекувањата на општеството. Оваа недела е одлична можност да се поврзете со себе и да работите на вашата самодоверба.rn
Близнаци: Интуиција
rnСите одговори што ги барате се веќе скриени во вас. Заборавете на другите, слушнете се себеси и следете ја вашата интуиција. Само така ќе ја откриете сопствената суштина и ќе ги постигнете вашите цели.rn
Рак: Надеж
rnИзминатите неколку недели беа тешки, но запомнете дека сонцето одново сјае после секој дожд. Никогаш не губете надеж!rn
Лав: Раст во кариерата
rnЌе напредувате на полето на кариерата кога ќе сфатите дека тоа го заслужувате. Потсетете се колку сте добри во вашата работа и покажете му го тоа на светот.rn
Девица: Духовност
rnЧесто сте исклучително поврзани само со вашата логична страна, што може да ве исфрли од рамнотежа. Време е да се поврзете со вашата духовност, што и да значи тоа за вас.rn
Вага: Храброст
rnОваа недела е одлична можност да ги надминете вашите стравови. Признајте си дека се плашите од нешто, но не дозволувајте стравот да ве контролира. Размислете како можете да го надминете ова, а сепак да бидете љубезни кон себе.rn
Скорпија: Посветеност
rnПонекогаш ви е тешко да се посветите на другите бидејќи се плашите дека тоа ќе ве ограничи. Оваа недела ви носи можност која ќе ви го отвори срцето за целосно да ѝ се предадете на личноста што ја сакате повеќе отколку што се осмелувате да признаете.rn
Стрелец: Слобода
rnТолку многу копнеете по слобода и сакате на секој начин да се ослободите од рутината, но понекогаш заборавате дека сопствените убедувања се оние кои ве ограничуваат. Ослободете се од нив и препуштете му се на животот.rn
Јарец: Романтика
rnЧесто сте многу фокусирани на кариерата, но сега е време да внесете малку романса во вашиот живот. Ова ќе му даде нова димензија на вашето секојдневие и ќе ве исполни уште повеќе.rn
Водолија: Здрави семејни односи
rnВреме е да направите простор за здрави односи во вашето семејство. Размислете како се доживувате себеси во однос на вашето семејство и како можете дополнително да ги подобрите вашите семејни односи.rn
Риби: Успех
rnФокусирајте се на успехот. Ослободете се од очекувањата на оние околу вас и размислете што значи успехот за вас и што треба да направите за да имате успешен живот.rnrnОткако прочитавте како ќе се манифестира енергијата на вашиот хороскопски знак оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за мај 2023 годинаrnrnИзвор: sensa.mondo.rs
