Откријте го бројот на својот кармички долг и научете за што сте испратени на овој свет

Сподели

Број 7

rnВо минатиот живот сте донеле многу одлуки врз основа на вашите сопствени потреби, а не сте имале сочувство и емпатија за тоа како истите влијаат на другите. Можеби не сте биле во можност да се соочите со другите и најверојатно сте имале многу силно чувство дека животот е борба или натпревар. Во овој живот сте дошле за да доживеете радоста во животот, а можеби ќе се чувствувате повикани и да им служите на другите луѓе. Вашите лекции во овој живот се врзани за сочувството кон оние кои ве окружуваат. Исто така треба да научите како да донесете одлуки кои се најдобри за вам, а не поради натпревари со другите.rn

Реклама

Број 8

rnВо минатите животи не сте успеале да го живеете животот во целост и сте имале проблеми со преземање одговорности за своите постапки. Можеби секогаш сте пронаоѓале начин да избегнете да ја согледате стварноста и наместо на себе, сте се потпирале на другите. Исто така можеби сте имале проблеми со зависности или не сте успеале својот живот да го насочите во една насока. Во овој живот сте вратени за да научите да преземате целосна одговорност за својот живот и за насоките на вашата душа. Вие сте овде за да дознаете како да ја согледате вистината на својот живот и да дојдете до суштината на вашата душа и мисија. Наместо да се обидувате да избегате од стварноста, во овој живот ќе бидете водени во ситуации во кои ќе морате да се соочите со сѐ што ви носи животот.rn

Број 9

rnВо минатото вие сте гледале на светот како на одвратно место каде што постои недоверба и алчност. Не сте биле во можност да видете надвор од сенките на животот, а ви било тешко да останете позитивни поради својот живот. Тоа можеби во голема мера било поради фактот што сте имале длабоко духовно будење кое резултирало со чувство на празнина во физичкиот свет. Во овој живот сте се вратиле за да пронајдете радост на Земјата и среќа во физички облик. Исто така вие сте вратени за својата свест да ја одвратите од негативноста и да започнете создавање позитивни промени, лично и во заедницата, по пат на духовна и хуманитарна работа.rn

Број 11

rnВо минатиот живот вие сте играле според правила и сте го правеле она што општеството го очекувало од вас, па сте живееле прилично позитивен и пријатен живот. Но, сте пропуштиле да го слушате повикот на својата душа и да ги искористите авантуристичките можности кои често ви биле поставувани. Вие сте дозволиле стравот од непознатото да ја запре вашата душа да се движи напред и да ве блокира да ја доживеете другата страна на животот. Вие сте вратени во овој живот за да ги искористите тие шанси, да донесете похрабри одлуки и да ја следите вашата интуиција.rn

Број 22

rnВо минатите животи вие повеќе сте сакале да останете во сенка и никогаш не сте ги покажувале на светот вашите таленти и способности. Вие сте бегале далеку од вниманието и сте ги намалувале своите вештини и способности. Во овој живот сте се вратиле за да му ги покажете на светот своите таленти и на некој начин да заземете водечка улога. Вие сте испратени за да ја искористите својата сила и потенцијал и да оставите свој белег во светот. Овој пат животот ви пржи многу можности каде ќе можете да го покажете она најдоброто од себе. Вие сте предодредени да извршите големо влијание на светот.

Популарно

Може ќе ве интересира