Картичките изработени од FINCHandHARE на паметен начин ја измамуваат и изненадуваат личноста која ги добива. На прв поглед, пораката на секоја картичка е премногу навредлива. Но по отворањето, среќниот примател ќе биде и повеќе од пријатно изненаден. Зборовите во секоја од пораките кријат преубави мисли наменети за таа личност кои со сигурност ќе ја расположат и ќе ѝ го разубават денот.rnrnТвојот живот е завршен.rnrnТвојот нов живот тукушто започна. Ова е еден голем настан и една љубов која трае засекогаш. Честитки!rnrnКартичките се со повеќе преклопувања, па мора целосно да се отворат за да се открие вистинската порака која ја носат. FINCHandHARE специјализираат во вакви двосмислени пораки чија единствена цел е да ве насмеат.rnrnОва претставува многу забавен начин некому да кажете како навистина се чувствувате, да го поканите да ви биде кум или деверица, или пак да честитате роденден, брак или нечие доаѓање на свет. Па доколку сте меѓу оние креативци за кои класичниот пристап е незамислив, со овие слатки двосмислени пораки нема сигурно да погрешите.rnrnТи си ужасен/на.rnrnТи си импресивен/на и прекрасен/на.rnrnТи си луда мајка.rnrnТи си толку добра и разумна, што некој би требало да е луд за да не сфати дека си одлична мајка.rnrnМоже да се измочам врз тебе.rnrnМоже да барам да ми го држиш фустанот додека мочам, да ми завршуваш смешно непотребни работи или целосно да ти одам на нерви. Но се надевам дека ќе прифатиш. Ќе ми бидеш ли деверица?rnrnУбиј ме веднаш.rnrnДобрина, расположение… кажи дека сум луд/а, но обожавам што празниците го будат најдоброто кај луѓето.rnrnТато, ти стар човеку.rnrnТато, ти си најдобар, јас сум среќен/на што те имам за родител.