Оптичките илузии се навистина интересна работа. Тие си поигруваат со нашиот мозок, на начин што мислиме дека гледаме нешто кое всушност реално не постои. Одвојте 5 минути од вашето време, внимателно проследете ги упатствата на овие 3 интересни илузии и забавата може да започне.rnrn
rn
1. Искривена точкеста реалност
rnУпатство: Ако вашите очи го следат движењето на ротирачката розова точка, на кругот ќе гледате само розова боја. Ако погледнете во црниот знак плус на средината, розовата ротирачка точка станува зелена. Вкочанете го погледот во црниот знак плус на средината и концентрирано гледајте во него 10-20 секунди и на сликата ќе гледате само зелена ротирачка точка, а сите розови точки ќе исчезнат.rnrn
rnrnОбразложение: На сликата всушност воопшто не постои зелена точка, а розовите точки не исчезнуваат. Навистина е неверојатно како нашиот мозок работи нели? Оваа илузија треба да биде доволен доказ, дека не секогаш го гледаме она што мислиме дека го гледаме.rnrn
2. Духот на виножитото
rnУпатство: почекајте на сликата да се појави виножито во боја (а не црно-белото), за да можете ја видите оптичката илузија со полн капацитет. Потоа зјапајте во црната точка на средината некое време и во еден момент анимацијата ќе се промени во црно-бела варијанта, но вие и понатаму не го тргајте погледот од црната точка. Го видовте ли третото виножито?rnrn
rnrnОбразложение: Ако правилно го следевте упатството, порано или подоцна ќе сфатите дека анимацијата се состои само од две слики на кои има слични виножита, а единствената разлика меѓу нив е дека едното е во боја, а другото црно-бело. После фиксираното гледање во црната точка на средината, негативните бои исчезнуваат во вашата очна мрежница, па затоа можевте да видите како црно-белото виножито станува виножито во боја.rnrn
3. Ѕвезди кои исчезнуваат од небото
rnУпатство: На сликата гледате една месечина, околу неа има 6 ѕвезди, а во позадината има точкеста површина, која се движи. Доколку успеете да го фиксирате вашиот поглед гледјаќи само во месечината (без да ја мрдате главата), ќе забележите дека ѕвездите ќе почнат да исчезнуваат. Зависно од концентрацијата може да исчезнат неколку или сите ѕвездички.rnrn
rnrnОбразложение: Мозокот и очите имаат специјална взаемна поврзаност, која е многу подлабока одошто мислиме и вообичаено го земаме предвид. Повеќето луѓе мислат дека она што го гледаме пред нас, е всушност она што очите го гледаат и тие испраќаат сигнал до мозокот, кој ни помага да го сфатиме значењето на сликата. Вистината е дека некои работи кои ги гледаме, се во суштина информации кои нашиот мозок ги измислува, а не нешто што очите го виделе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
