КАФЕ ПАУЗА

Одлични вести за љубителите на чоколадото

Чокохолиците имаат уште една причина да ја оправдаат својата навика, благодарение на едно ново истражување објавено од страна на Американската срцева асоцијација. Имено, истражувачите откриле поврзаност помеѓу дневното консумирање чоколадо и здравјето на срцето. Овие нови сознанија биле презентирани на овогодишните научни сесии за епидемиологија и животен стил.rnrnОдлични вести за љубителите на чоколадотоrnrnНаучниците ги следеле навиките за јадење и животен стил на повеќе од 1.000 возрасни луѓе помеѓу 18 и 69 години, во текот на 2 години, и заклучиле дека консумирањето 100 милиграми чоколадо секојдневно има директна поврзаност со пониска инсулинска отпорност и ензими на црниот дроб – што се директни индикатори на срцева болест.rnrnЉубителите на чоколадото имаат поголема шанса да изгледаат помладо, да бидат физички поактивни, како и помала шанса да заболат од различни хронични болести во однос на оние кои немаат навика да уживаат во вкусот на овој десерт.rnrnОва истражување е последното во сè поголемиот куп докази кои покажуваат дека чоколадото е неизбежен дел од здравата исхрана. Минатиот месец, студија објавена во списанието „Appetite“ ни покажа дека редовното консумирање чоколадо води кон подобри когнитивни мозочни функции – вклучувајќи и посилна меморија, просторна организација и способности за резонирање.rnrnВеќе размислувате да посегнете по чоколадото во вашата фиока, нели?