Познато е дека очите се прозорци на душата. И буквално и фигуративно, ова е вистина. Она што го гледате во нечии очи и она што го барате во нив открива многу и за тоа каква личност сте вие. Погледнете ја сликата и одберете го окото што веднаш ќе ве привлече – тоа е одбрано од вашата потсвест. Потоа прочитајте што има да ви каже.
rn
1. Духовен глад
rnЧувствувате глад, но не за физичка храна. Вам ви е потребна духовна нега. Оваа желба за поврзување со универзумот ве тера да најдете нови искуства и нови авантури. Како што се движите низ животот, мора да научите да му простите на вашето минато. Следете ја оваа страст и ќе се почувствувате живо.rn
2. Веќе сте биле овде
rnМногуте ваши инкарнации навистина ве подготвиле. Вашиот живот бил тежок, но си имал и свои прекрасни моменти. Споделете го вашето знаење каде и да одите и ќе заблескате и во вашиот, и во животите на другите.rn
3. Исцелител
rnВашата аура навистина блеска. Колку повеќе го прифаќате ова, толку повеќе ќе се зголемуваат можностите за интензивирање на вашата природна вибрација. Оваа внатрешна светлина може да ги лекува другите, па искористете ја. Искористете ја вашата моќ за исцелување и споделувајте ја светлината каде и да одите.rn
4. Филозоф
rnСо способност длабоко да навлезе во секоја тема, вашиот ум е постојано бомбардиран со нови идеи и проекти. Често се чувствувате изгубено, но всушност се движите по вистинскиот пат. Овде не постојат грешки, само животни лекции. Верувајте си и ќе продолжите да се движите напред на вашето духовно патување.rn
5. Магионичар
rnВие сте енигма завиена во мистерија. Криете многу информации од луѓето и често изгледате попривлечни поради ова. Можеби не го правите ова намерно, но тоа е веќе ваш заштитен знак. Немате потреба да бидете кој било освен самите себе и не дозволувајте им на другите да ви кажат поинаку.rn
6. Стара душа
rnВие сте биле овде многу пати претходно и повеќе не ги барате истите нешта како другите луѓе. Во оваа инкарнација не сте сигурни за вашата цел и поради ова можно е да ви недостига самодоверба. Време е да го најдете вашиот пат и вашата светлина. Работете напорно и можеби ќе го најдете она што го барате.rn
7. Ноќна птица
rnТемнината е вашиот дом. Вие сте роден илузионист и го откривате само она што знаете дека другите сакаат да го слушнат. Немојте да се менувате, го правите токму она што треба да го правите.
[message_box title=”” color=”yellow”]
За да откриете што треба да направите уште денес, кликнете на златната мандала којашто прва ви го привлече вниманието.
[/message_box]

